Мајка на три деца трпела страшни болки 12 месеци, а докторите ѝ кажале дека е анксиозна: На породувањето сите се шокирале!

Страшно!

Фото: Getty Images

Судбината на оваа жена ќе ве расплаче!

На Лоис Вокер (37) од британскиот град Барнсли ѝ бил откриен рак во четврти стадиум кога отишла во болница да се породи со царски рез во 2021 година.

Таа 12 месеци претходно трпела болки во стомакот за кои докторите велеле дека се последица на анксиозност.

Дури откако се родил син ѝ Реј, хирурзите откриле рак во јајниците, желудникот и лимфните јазли, и тоа во терминална фаза.

„Насекаде имаше тумори. Ми кажаа дека изгледало како да се отворила кеса со песок и песокот се распрснал насекаде.“


Потоа, таа напишала жалба до ординацијата по општа пракса, која одбила да ги коментира обвинувањата поради доверливост помеѓу доктор и пациент.

Од болницата во Барнсли било соопштено дека не можеле да го коментираат случајот додека не се поднесе официјална жалба.

Госпоѓата Вокер за Би-Би-Си рекла дека повеќепати ги посетувала лекарите во ординацијата во Ворсброу и болницата Барнсли, но дека ѝ било кажано дека можеби има синдром на нервозни црева или хипхондрија.

„Не знам што друго можев да направам. Како никој да не сакаше да ме сослуша“, изјавила таа и додала:

„Им кажав дека чувствувам како да ќе умрам. Сакав да ме сфатат сериозно, бидејќи чувствував дека нешто не е во ред.“

Мајката на три деца изјавила дека поради дијагнозата, подобро се поврзала со својот новороден син.

„Беше многу, многу тешко. Не сакав да се врзувам за него, но тој е мојот зрак сонце.

Моите деца се смислата на мојот живот. Сакам да се фокусирам на создавањето спомени. Кога љубовта би можела да ме спаси, никогаш не би умрела“, изјавила таа.

Слушајте го своето тело

Нејзиниот партнер Дејл Вистов рекол дека туморот можел да биде дијагностициран навреме.

„Ова што се случи е страшно, особено затоа што имаме деца. Сега не знаеме што ќе ни донесе иднината“, изјавил Дејл.

Госпоѓата Вокер сега им порачува на луѓето да го слушаат своето тело и да побараат помош кога ќе се чувствуваат лошо.

„Ако постои само еден доктор што го чита ова и си помислува: ‘мора да работиме подобро’, тоа е сé што сакам. Навистина не би сакала некој да помине низ ова што го поминувам јас“, заклучила таа.

Имам 28 години и три деца, ми дијагностицираа РАК и ми соопштија дека ќе ЖИВЕАМ САМО ДО МАЈ ГОДИНАВА: Се борам со сите сили за животот, а коментарите на луѓето се морничави
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.