Бубрежна колика: Болка што се јавува кога камен ги блокира мочните патишта

Овој случај се случи пред неколку години, кога со автобус се враќав дома од одмор. Наспроти мене седеше маж на околу 45 години. Повремено скокаше, малку стоеше, па повторно седнуваше на место. И така на секои пет минути. Лицето му беше црвено и испотено, се држеше за грбот и беше вознемирен.

Го прашав што му се случува, а тој ми одговори дека има камен во бубрегот. Пред тргнувањето повикал брза помош и му ја ублажиле болката. Но аналгетикот дејствувал три часа. Новиот напад го фати на пат. Бидејќи немаше при рака ниту еден спазмолитик (лек против грчеви во мускулите), се одлучи за ампула со кетопрофен.

За жал, инјекцијата не му помогна. Болката беше толку силна што возачот бил принуден да повика брза помош. Повторно му дадоа аналгетик, па тој спиеше до крајот на патот, околу шест часа.

ШТО ДА ПРАВИТЕ

* Доколку болката штотуку започнала и сте убедени дека се работи за бубрежна колика, обезбедете му на болниот целосно мирување: прекумерните движења може да ги засилат непријатните чувства.

* Измерете му ја температурата.

* Утврдете го местото каде што болката е најинтензивна и на него ставете греалка.

* Можете да направите топла бања (температурата на водата 39–40 степени), која треба да трае 10-15 минути.

* Доколку болката не се намали, дајте му спазмолитик.

* Ако, пак, нападот не помине за два-три часа, повикајте брза помош.

ВАЖНО!

* Кога првпат ќе се појави болка во пределот на бубрезите, можно е да не се работи за бубрежна колика, туку за некоја друга болест.

* За време на напад, употребата на диуретици е контраиндицирана, бидејќи каменот заедно со урината може да се движи понатаму, да го затне луменот и уште повеќе да го засили чувството на болка.

* Доколку нападот на бубрежната колика е искомплициран со акутен пиелонефритис со висока температура, се забрануваат какви било процедури за загревање.

Текст: Таисија Филипова, лекарка и билкарка (Кирс)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.