Природата како психотерапија: Како да управуваме со нашето расположение и здравје?

Милениумска мудрост

Никој не негира дека нашите мисли и расположенија влијаат на нашето здравје. Многу луѓе често се чувствуваат беспомошно, а потоа одеднаш дознаваат некоја добра вест и болеста буквално како со рака да им е однесена.

Веќе неколку години читам публикации на веб-страница на психолошка заедница, каде што луѓето секојдневно поставуваат многу прашања и ги опишуваат своите проблеми: анксиозност, недоверба, несоница, депресија, губење на енергијата итн.

И речиси сите бараат да им се препорача стручњак што ќе им помогне да се справат со овие проблеми и да им даде лекови што можат да ги елиминираат овие непријатни појави. Потоа даваат многу пари за консултации со психотерапевт и за лековите што им ги пропишува.

(Сепак, многумина подоцна се жалат на одредени несакани ефекти од овие лекови.)

Во оваа заедница понекогаш оставам и коментари, препораки за ајурведските методи и разни ориентални практики. Но често ми одговараат дека сето тоа е глупост, шарлатанство, дека е премногу едноставно и дека нема да успее.

А скапите консултации се сериозни и помагаат. И така луѓето продолжуваат да даваат пари, земаат лекови, а никако да постигнат рамнотежа и мир. Тие не разбираат дека помагаат токму едноставните работи, проверени веќе илјада години. Така во рамнотежа и мир живеат токму оние што живеат по овие вековни правила.

Обичните баби и дедовци, кои стануваат во шест часот, потоа поминуваат време во двор или во шума, собираат плодови, јадат природна храна и легнуваат да спијат во десет навечер, никогаш нема да имаат потреба да плаќаат скапо за психотерапевт.

Не затоа што немаат пари, туку затоа што не ги мачат животните прашања во два часот по полноќ. Тие не голтаат грст апчиња за спиење, затоа што во текот на денот дишеле чист воздух и работеле физички, па спијат цврсто и длабоко. И тие се посреќни од граѓаните што живеат полесен живот.

Патем, во наше време, многу луѓе веќе го разбираат тоа. Тие одат во мали градови и села, работат од далечина и конечно се чувствуваат среќно и во хармонија со природата.

Најдобри лекари

Но сè уште не успеале сите да се спојат со природата. Што да прават оние што не можат да си го дозволат тоа и продолжуваат да живеат во големите градови? Јас лично имам свој одличен метод на психотерапија.

Приближно еднаш месечно, понекогаш почесто, одам во шума, во која било доба од годината. Избирам шума што е на брег на река или езеро. Зимската шума не е помалку убава од летната шума (само треба да се погрижите за соодветни обувки и облека за во шума).

Таа енергија ми е доволна подолг период, а станува збор за многу едноставен, брз и евтин метод на психотерапија (пари се трошат само за патување). Бидејќи понекогаш носам во шума некои од моите блиски пријатели или роднини, тие се полни со сила и енергија потоа. Обидете се и пробајте со бесплатниот психотерапевт.

Моите ритуали

За почеток, палам мал оган на брегот, каде што палам насобрани хартии, стари сметки, искината облека. Притоа замислувам дека со нив гори сѐ што е лошо.

Потоа одам покрај брегот или директно по мразот, чувствувајќи како моќта на водата ја зголемува мојата сила. Овој процес на полнење го чувствува дури и ‘рбетот – како морници што се движат одоздола нагоре.

А потоа одам во шумата, каде што зборувам со дрвјата, гласно, за проблемите, желбите, соништата. Се држам за стеблата, кои остануваат топли дури и во зима. Потоа се враќам дома полна со сила и енергија. Се чувствувам обновено, секоја моја клетка ја чувствува радоста на животот.

Пишува за „Руски доктор“: Наталија Трубиновска, светска патничка и истражувачка на древните цивилизации

Многу повеќе корисни совети за унапредување на здравјето и благосостојбата, можете да прочитате во специјализираното спсиание „Руски доктор“.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.