Не пропуштајте ги советите на врвните експерти за здравјето во новиот број на „Руски доктор“!

Време е за големо чистење на организмот!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Пролетта одамна е тука, а напролет неизбежно се вклучува здравствениот аларм – пролетни алергии, настинки, несоница, обновување на убавината, забрзување на метаболизмот по зимата… Време е за големо чистење на организмот!

За да функционира нормално организмот, нашите руски стручни соработници препорачуваат повеќе движење во природа, на чист воздух, но и пиење големо количество вода.

И уште нешто, за превенција од болести, потребно е, пред сè, да се промени и начинот на исхрана и да се направи поштедлив за црниот дроб, жолчката и панкреасот.

Тоа е корисно и за превенција од други болести, вклучувајќи болести на срцето и крвните садови, дебелина, дијабетес и друго. Регулирањето на секојдневното мени го прави животот полесен и поубав. И пред сѐ – поздрав.

Русите, пак, напролет силата и моралот ги подигаат со свечено одбележување на големиот празник – Денот на победата, кој е свет ден за секој жител на таа земја. Зачувувајќи ги спомените на славните борци, храбрите дедовци и прадедовци што се бореле за слобода, Русите се сеќаваат на минатото и ја градат иднината.

А секој од нас може и, пред сѐ, треба да ја гради својата иднина во служба на здравјето.

Драги наши, вооружете се со здравје и со ведри мисли, за да уживате во благосостојба, секојдневно.

Ваша Сузана Митревска, гл. и одговорна уредничка на „Руски доктор“.

Во продолжените, погледнете ги содржините во новиот број на „Руски доктор“!

 

5 Четврта доза – да се вакцинира или не?

6 Навалете на иван-чај

7 Стоп за ноќните трилери!

8 Сам свој дијагностичар

12 Камен во жолчката

17 Желудникот „гаѓа“ во грб

18 Зачувајте ја зеницата на окото

19 Зголемено ниво на тестостерон кај жената

20 Тестови за самопреглед по коронавирус

22 Системот на активна долговечност на рускиот академик Микулин

24 Сакате да си го зајакнете имунитетот? Почнете од црниот дроб!

29 Весници на… оток, херпес, повреда

31 Испукани капилари на кожата

32 Природни антибиотици

36 Десет факти за дерматитисот што ќе ве изненадат

38 Како да се „измие“ болеста

41 Леблебија: со што да се јаде?

42 Аронија – црн бисер

43 Исчистете го крвотокот вооружете се со здравје

45 Со листови од бреза против артритис

46 Дотерајте ја кожата за лето

46 Заборавениот вкус на рибиното масло

47 Сега се собираат пупки

50 Денот на победата

Текст и фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.