Утре славиме Свети Василиј Велики: За да не ве следи малер цела година, испочитувајте ги ОВИЕ обичаи!

Верување

Македонската православна црква и нејзините верници, утре на 14 јануари, слават Свети Василиј Велики и со тоа завршуваат празниците посветени на Божиќ

Утре славиме Свети Василиј Велики, но и Мал Божиќ.

Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, бидејќи во спротивно цела година ќе ве следи малер, додека во некои краеви се верува дека на овој ден треба посебно да внимавате да не ве измами некој.

Во некои краеви се верувало дека годината ќе биде плодна ако на овој ден падне снег или биде облачно.

Некаде сочуван е и обичајот на спалување на остатоците од бадниковото гранче, а во многу краишта се меси обреден леб или василица.

Според Светото писмо, Исус Христос ги презел на себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на прочистување од прародителскиот грев.

Според историјата и преданијата на црквата, Свети Василиј се упокоил во 379. година на 50 години. Живеел во времето на царот Константни, кој ја официјализирал слободата за исповедување христијанска вера.

Службата на Василиј, што ја напишал самиот светец, се служи 10 пати годишно: на 1 јануари, пред Божиќ и Богојавление, во сите недели од Големиот пост, на Велики Четврток и Велика Сабота.

Многу обичаи и обреди се поврзани со Малиот Божиќ кој се смета за крај на божиќните празници.

Дознајте во спомен на кое чудо за Василица се меси лепче со паричка
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.