Запознајте го Ego Stratis, ода на родовата флуидност од Juliette Has a Gun

Современ, речиси унисекс, уникатен за женски парфем

„Потребно е повеќе од еден живот за да ја откријам комплексноста на жената. Juliette ја отсликува оваа недолива потреба за дешифрирање на мистеријата на женственоста. Уште од почетокот, се обидував да ги разоткријам сите аспекти на жените.

Со оваа најнова креација, сакав да ги обединам сите“. – креаторот на Ego Stratis, парфимерот Romano Ricci.

Понекогаш Femme Fatale, понекогаш романтични, понекогаш мажествени, Ego Stratis ги опфаќа сите противречности додека ги замаглува контрастните премини. Овој акорд со неговите претежно цитрусни и водени тонови е ода на родовата флуидност. Модерна интрепретација на тоалетна вода, како покана за танц со повеќекратните аспекти на нечие его.

„Женственост, мажественост, еднина, множина, неопределеност. Сакам да ги истражам новите граници и да ги развиджам нормите“. – Romano Ricci.

Кој сум јас?

Јас сум јас. И сите мои алтер ега.

Поразличен од сите досега, Ego Stratis својата уникатност ја доловува преку андрогеното шишенце во петролеум сина боја која се прелева. Декорирано со метално капаче и сребрено лого.

Оригинален воден мирис со коктел од освежувачки и енергични цитрусни горни ноти, врз подлога од морска есенција што трае. Резултатот е современ, речиси унисекс, уникатен за женски парфем. Ода на родовата флудидност.

ГОРНИ НОТИ

Бергамот, мандарина, лимон

СРЕДНИ НОТИ

Нероли,мирисна есенција на море, боровинка

ДОЛНИ НОТИ

Кедар, амброксан, мошус

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.