На Клои многу тешко ѝ оди поврзувањето со синот што ѝ го роди сурогат-мајка

Клои Кардашијан отворено зборува за нејзиното искуство со сурогат-мајчинството и вели дека не очекувала дека тоа толку многу ќе се разликува од искуството кога ја доби ќерката Тру.

Во најновата епизода на реалното шоу, The Kardashians, Клои Кардашијан (38) разговара со сестра си Ким Кардашијан (41) и со поранешниот партнер на сестра си Кортни, Скот Дисик за искуството од раѓањето на синот Тејтум, кого го доби во јули минатата година, неколку месеци откако дозна дека неговиот татко, кошаркарот Тристан Томпсон добил уште едно дете од аферата со Марали Николс.

Во епизодата Ким, која доби две деца преку сурогат-мајчинство, отворено разговара со својата сестра за целото искуство, а Клои признава дека работите не се толку идеални како што изгледаат на прв поглед.

Како некој да си поигрува со мојот мозок. Навистина е чудно. Верувам дека постои разлика кога бебето е во твојот стомак и го чувствува твоето срце. Не постои друг на светот што може да те почувствува однатре на тој начин – вели Ким и ја прашува сестра ѝ дали сега се чувствува помалку поврзано со нејзиниот син.

Дефинитивно ја закопав главата во песок за време на таа бременост и не бев свесна што се случува. Дури откако отидов во болница да го земам бебето, мислам дека дури тогаш регистрирав што навистина ми се случува – вели таа.

Клои го опишува отворено целото искуство и вели дека не се чувствувала сигурно во мигот кога станала мајка вторпат.

Дефинитивно бев во шок од целото искуство. Се чувствував виновно затоа што жената го роди моето бебе, а потоа јас и бебето заминавме во другата соба и ги разделивме. Чувството наликуваше на обична трансакција – вели Клои.

Таа напоменува дека би сакала повеќе да биде информирана за сурогат мајчинството пред да се одлучи на таков чекор. Инаку, Клои од врската со Тристан ја има и ќерката Тру (5), а откако во 2021 година ѝ соопштија дека следната бременост би можела да биде со висок ризик, таа и Тристан  одлучија второто дете да го добијат со сурогат-мајка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.