Откако призна дека ја привлекува истиот пол, славната актерка изненади уште еднаш: Откри дека станала мајка на девојче

Нека е живо и здраво!

Актерката Ребел Вилсон откри дека добила ќерка со помош на сурогат мајка

Славната актерка Ребел Вилсон неодамна се најде во центарот на вниманието по признанието дека ја привлекуваат жени, а сега повторно ги изненади своите обожаватели.

Имено, актерката на својот инстаграм-профил објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.

„Повеќе од горда сум што можам да соопштам дека минатата недела со помош на сурогат мајка се роди Ројс Лилиен. Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш ќе им бидам благодарна на сите што беа вклучени (знаете кои сте), ова беше создавано со години… но особено сакам да ѝ се заблагодарам на сурогат мајката која ја носеше и ја роди со толкава милост и внимание. Благодарам што ми помогнавте да основам сопствено семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок. Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси сета љубов што може да се замисли. Брзо учам… голема почети за сите мајки! Горда сум што сум во вашиот клуб“, напишала актерката под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Да се потсетиме, Ребел неодамна ја обелодени својата емотивна врска со дизајнерката Рамона Агрума.

Папараците неодамна успеале да уловат неколку фотографии на кои јасно се гледа дека актерката си разменува нежности со дизајнерката. Славната актерка пред неколку месеци буквално била присилена да открие дека е геј откако ја уценувале, а сега се чини дека конечно се опуштила и дека конечно сè ѝ е како што треба во животот, по неколкуте бурни години.

Имено, Вилсон која е позната како „најсимпатичната буцка во Холивуд“ симна речиси 40 килограми за помалку од две години, а причината е поразителна.

Иако многумина мислеа дека ги симнала килограмите за да изгледа подобро, актерката ја откри вистината дека веќе некое време се борела да добие потомство, а слабеењето требало да ѝ помогне конечно да добие дете. Меѓутоа, некаде на пола пат, нејзиниот поранешен партнер се уморил и ја оставил токму затоа што не можела да забремени.

 

Меѓутоа, тоа не ја попречи Ребел во целта да си го подобри здравјето, а во месеците што следеа ја поврзуваа со бројни славни фраери. Меѓутоа, дури откако еден новинар ја уценил дека ќе ја објави вистината за нејзиниот однос со Рамона, Ребел призна јавно дека е геј.

„Со години мислев дека го барам принцот од бајките, но можеби она што ми било потребно сето ова време е Дизни принцеза“, напишала тогаш актерката во описот на фотографијата на која позира среќно покрај својата избраничка Рамона Агрума.

А откако призна дека е среќно вљубена, се чини дека конечно сè ѝ тргна од рака и дека никогаш не била посреќна во животот.

Познатата буцка ослабна 35 килограми и буквално се исуши: Сега откри што ТОЧНО ЈАДЕ во текот на денот, а овој наједноставен чин е нејзиното ТАЈНО ОРУЖЈЕ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.