Немања Гудељ објави на Инстаграм дека тој и Анастасија Ражнатовиќ го загубиле бебето

Тажна вест

По тажните вести, Анастасија го деактивира својот профил на Инстаграм и целосно се повлече.

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, го загуби бебето, а тажните вести на социјалните мрежи ги сподели нејзиниот партнер, со кого живее заедно во Шпанија, Немања Гудељ.

Ги споделивме со вас убавите вести и вие бевте со нас со целото срце, со честитките и пораките. Ви благодарам за тоа.

За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека за тоа не сакаме да зборуваме.

Многу жалиме што јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е мошне болен миг за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова – напиша фудбалерот на својот инстаграм-профил.

По тажните вести, Анастасија го деактивира својот профил на Инстаграм и целосно се повлече.

Инаку, кон крајот на април, во реалното шоу „Цеца и деца“ беше откриено дека Анастасија и Немања го очекуваат своето прво дете и открија дека чекаат ќерка.

Српските медиуми пишуваа дека парот веќе ја организира церемонијата во која ќе стапат во брак, а само пред една недела пејачката го прослави својот 25-ти роденден и партнерот ја изненади со балони и кадифени играчки.

 

Фото: Printscreen Instagram

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.