Откриена тајната за четвртото дете на Ким Кардашијан и Канје Вест
На свет ќе го донесе друга жена
Ким Кардашијан и Канје Вест го очекуваат четвртото дете, кое нема да го роди сурогат-мајката на малата Чикаго Вест, туку друга жена.
Имено, според написите на американските медиуми, сурогат-мајката на нивната ќерка е бремена, овој пат со свое дете, така што не може да го носи четвртото дете на славната двојка. Токму затоа, популарната инфлуенсерка избрала друга жена, чиј идентитет е, се разбира, анонимен.
Потсетуваме, Ким се одлучи на ваков чекор поради здравствените проблеми што ги имаше за време на двете бремености, поради предлабокото вгнездување на планцетата во матката или „placenta accreta“.