Ја изневеруваше додека беше бремена, но таа му прости и сега чекаат второ дете: „Нема поголема будала од вљубена будала!“

Неверојатно!

Клои Кардашијан (38) и Тристан Томпсон (31) го чекаат своето второ заедничко дете преку сурогат мајка

Клои Кардашијан (38) одлучила да ѝ подари брат или сестра на ќерка ѝ Тру (4). И во таа намера не ја спречило ништо, па дури ни јавното неверство и понижување од страна на поранешниот партнер Тристан Томпсон.

Имено, Тристан и Клои го очекуваат своето второ дете и тоа преку сурогат мајка. Изгледа дека Кардашијанката одлучила да прави деца со истиот човек и не сака неговите неверства да ѝ застанат на патот.

„Сакаме да потврдиме дека Тру ќе добие брат или сестра, зачнати во ноември. Клои ѝ е многу благодарна на сурогат мајката за овој благослов. Сакаме да замолиме за приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство“, соопштил нејзиниот ПР-тим.

„Меѓутоа, тоа не значи дека Клои и Тристан повторно се заедно. Всушност, шест месеца по скандалот на Тристан околу татковството, немаат разговарано надвор од темата за заедничко родителство. Бебето е зачнато преку сурогат мајка, пред Клои да дознае дека Тристан ќе добие дете со друга жена (што се случи во декември).“

Откако ја родила Тру во 2018 година, Клои отсекогаш зборувала дека сака да ѝ подари брат или сестра на ќерка ѝ. Во реалното шоу на Кардашијан, Клои рекла дека веројатно „ќе позајми малку сперма од Тристан“.

Обожавателите се шокирани поради оваа вест и коментарите не стивнуваат:

„Дали е важно кога е зачнато бебето? Тој ја изневеруваше уште од почетокот и таа го знаеше тоа! Тој нема почит кон неа – таа не се почитува себе. Од оваа гледна точка – заслужи јавно понижување!“; „Наскоро повторно ќе плаче поради него!“; „Таа знае дека тој ќе продолжи да ја изневерува и повторно останува со него. Значи, сè му дозволува!“; „Нема поголема будала од вљубена будала!“

Имено, таа и пред Тристан била во токсичен брак со кошаркарот Ламар Одом. Додека тој се дрогирал и ги посетувал стриптиз-клубовите, Клои го трпела сето тоа и глумела среќа пред камерите, надевајќи се дека нејзината љубов ќе ги спаси.

Меѓутоа, врската не успеала и двојката се развела. Години по разводот, кога Ламар завршил во кома поради дрога, Клои повторно била покрај него додека не закрепнал целосно.

Потоа, гледачите и обожавателите на Клои Кардашијан се надеваа дека таа ќе пронајде среќа во љубовта, но тоа никогаш не се случи.

Ја изневерувал Клои Кардашијан додека била бремена и ѝ направил дете на љубовницата: Сега е откриено името на синот за кого не сака да чуе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.