Почнало породувањето: Ким Кардашијан и Канје Вест наскоро ќе станат родители по четврти пат!

Бебето само што не пристигнало

Популарниот пар Канје Вест и Ким Кардашијан во секој момент треба да станат родители по четврти пат

Четвртиот наследник на познатиот пар ќе им го подари сурогат мајка, а нејзиното породување почнало, и славното семејство наскоро би требало да стане побогато за уште еден член.

Оваа вест ја открила водителка Елен Деџенерис на својот Инстаграм, бидејќи објавила дел од емисијата во која гостувала Крис Џенер.

Таа ја изненадила Крис така што ја довела ќерка и’ Кортни и нејзините шест внучиња, а потоа и’ кажала дека наместо Кортни требало да дојде Ким, меѓутоа убавите вести ја спречиле во тоа.

„Породувањето на сурогат мајката почнало“, и рекла Кортни на мајка и’ Крис, а таа се запрашала зошто уште седат во студио и зошто не тргнале кон породилиштето.

Ким и Канје имаат три деца Норт, Сејнт, Чикаго и четвртото кое само што не пристигнало.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.