Клои Кардашијан во проблем поради немањето контрола над одлуките на сурогат-мајката

Тоа ја прави анксиозна

Фото: Getty Images

Клои Кардашијан (36) и нејзиното старо-ново момче Тристан Томпсон (30), по обновувањето на врската одлучија да го прошират семејството. Тие веќе ја имаат ќеркичката Тру (3), која ријалити-ѕвездата ја роди во екот на аферата на нејзиниот сакан со најдобрата другарка на нејзината помлада сестра Кајли Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dm for paid promos (@kloe.kardash)


Сепак, во текот на овие три години, тристан успеа повторно да ја придобие нејзината доверба, и сега планираат на Тру да ѝ подарат братче или сестриче.

Но нештата не се толку „мазни“, што би се рекло. Имено, во почетокот на оваа година, лекарите ѝ соопштија на Клои дека нејзината втора природна бременост ќе биде ризична.

Затоа Клои почна да размислува за сурогат-мајчинство, водена од примерот на нејзината постара сестра Ким Кардашијан, која на тој налин ги доби ќеркичката Чикаго и синот Псалм.

Постои 80 проценти шанса да абортирам, што речиси и да ми се случи во почетокот на мојата прва бременост со Тру“, рече тогаш Клои.

И покрај убедувањата на Ким дека искуството со сурогат-мајката воопшто не е страшно, Клои е скептична и испрашена од помислата никогаш повеќе да не биде бремена.

Уживав во бременоста. Срцето ми се крши од помислата дека нема да можам повеќе да го доживеам тоа“, признала таа.

Клои и Тристан разговарале со терапевт чија специјалност е сурогат-мајчинството, за да видат дали разбираат сè што е поврзано со процесот.

Тоа е голема обврска, сосема ново поглавје, но ние сме тим и можеме да го сториме тоа“, рече кошаркарот Тристан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dm for paid promos (@kloe.kardash)


Меѓутoа, во текот на разговорот, се начна темата што би се случило доколку ембрионот се подели и се очекуват близнаци или повеќе деца.

Ако сме благословени со повеќе деца, тоа е одлука на Бога, и ние сме во ред со тоа“, рече Клои, но таа се изненади кога терапевтот рече дека нивната сурогат-мајка можеби би имала проблем со тоа.

Имено, тој ѝ објасни на ријалити-ѕвездата дека, иако се работи за нивно дете, телото е на сурогат-мајката, која има право да ја прекине бременоста доколку се појават непланирана бременост со близнаци. Ова длабоко ја шокира Кардашијан, која сметаше дека сè ќе биде водено од нивните желби, без никакво влијание на сурогат-мајката.

Јас навистина не го знаев тоа, иако е нејзино телото, бебето е мое, и таа не може да одлучува што ќе биде со него. Мислам, знаев дека тоа е нејзино тело, но не и дека е нејзин изборот, што е многу наивно и ова ми ги отвори очите“, рекла Клои, која токму недостигот на контрола ја прави анксиозна.

Во разговор со својата мајка Крис Џенер (65), Клои призна дека поради тој разговор ги преиспитува своите одлуки и дека не знае дали сурогат-мајчинството е добро за нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dm for paid promos (@kloe.kardash)

Мислам дека сè зависи од пронаоѓањето на вистинска сурогат-мајка. Ќе ја најдеме и кога ќе го сториме тоа, ќе биде магично“, се тешеше Томпсон.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.