Кејти Пери го покажала телото пет дена по породувањето: Никој не е совршен и не мора ни да биде!

Нема да се воодушевите

Пејачката покажала сè и секоја чест!

МТВ во недела ја одржале првата виртуелна церемонија за доделување музички награди. На тоа доделување се појавиле некои од најголемите музички имиња.

Тазе мајката Кејти Пери не можела а да не реагира на свој духовит и оригинален начин.

Таа на својот инстаграм-профил објавила фотографија на која позира пред огледало во тоалет, облечена во градник за доилки и гаќички со висок струк.

Триесет и петгодишната поп-ѕвезда се породи пред пет дена и на фотографијата сè уште јасно се гледа телото на една родилка: изразен стомак и измачено лице.

Пејачката никогаш не се срамела од своето тело, па така и во деветтиот месец од бременоста го покажувала големиот труднички стомак и вишокот килограми качени за време на бременоста.

Можеме само да кажеме: Секоја чест, Кејти! И ти благодариме што покажуваш дека никој не е совршен и не мора ни да биде!

Кети Пери се породи, па реши да се пресели – Заедно со ќерката заминува во Велика Британија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.