Меланија Трамп обожава класични парчиња: Првата дама на Америка му е верна само на овој модел!

Погледнете

Меланија Трамп му се придружила на сопругот на последното испраќање на неговиот помал брат Роберт Трамп во Вашингтон

За таа пригода одбрала елегантно издание во црна боја составено од коктел-фустан со миди крој и ефектна наметка.

Фустанот го искомбинирала со совршени потпетици на Кристијан Лобутен. Поточно го одбрала нејзиниот омилен модел So Kate со вртоглави потпетици од 12 см, кои првата дама обожава да ги носи во најразлични ситуации.

Вртоглавите потпетици станаа заштитен знак на модниот стил на првата дама на САД,  а особено моделите со потпис на Кристијан Лобутен, Маноло Бланик и Џими Чу, во кои знаат да се движат само ретки дами.

За поранешната манекенка од Словенија, тоа не е никаков проблем.

Ретко кој би се осмелил да облече ваков фустан: Стајлингот на Меланија Трамп привлекол големо внимание!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.