Дали знаете дека од движењето на вашето бебе во стомакот може да настане неверојатна музика?

Подвиг што го воодушеви светот

Направен музички албум од звуците во матката

Елизберт Харт и Иван Диаз Мате ги снимиле звуците во матката додека Елизабет била бремена со нивниот син Лука, и направиле албум од тие звуци. Така, нивното мало бебе успеало да објави албум уште пред да се роди.

„Звуците на нероденото“ е името на овој албум, кој е снимен со помош на биосонична МИДИ-технологија што ги преведува движењата во звуци.

Електродите примаат електромагнетни импулси кои се преведуваат во МИДИ. Ова искуство беше неверојатно. Ритамот и хармонијата што настанаа на овој начин се сосема различни од што било друго“, вели воодушевената мајка.

Со оглед на тоа дека Елизабет и Иван се музичари, ова не е првпат да прават необични експерименти со звуци, а тие успеале да го снимат и движењето на растенијата. Албумот „Звуците на нероденото“ ќе биде објавен на 2 април.

https://www.youtube.com/watch?v=a5vT7LLw4tI&feature=emb_logo

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.