За здраво тело: Колку сол е доволно?

Денес е незамисливо да се подготвува храна без сол, но експертите велат дека употребата на овој неопходен зачин станува сè повеќе и повеќе прекумерна, што воопшто не е добро за здравјето.

Иако е неопходна солта, тие велат дека треба да обрнете внимание на дневниот внес. Како што известува „Life Hacker“, количината на сол за едно јадење се одредува според видот.

На пример, ако во рецептот пишува лажица кошер сол, а наместо тоа ставете лажица морска или кујнска сол, храната ќе биде пресолена. Кошер солта има многу поголема кристална структура од овие два вида, па затоа би било најдобро да ја погледнете масата – овие информации лесно можете да ги најдете на Интернет.

Вишокот на овој зачин може да доведе до разни здравствени проблеми и затоа Светската здравствена организација (СЗО) наведува пет грама како препорачана дневна доза. Тие ве предупредуваат да обрнувате поголемо внимание на целата храна преку која земате сол – таа е главната состојка на многу индустриски произведени јадења.

Може да го намалите внесувањето со избирање храна што содржи 1,4 g сол на 100 g храна, конзумирање свежо овошје и зеленчук со секој оброк, конзумирање на млечни производи со малку натриум, како што се свежо сирење и јогурт, избегнување на преработена храна како што се сувомеснати производи и , се разбира, избегнување брза храна и закуски.

Прочитајте и: Експертите открија: Што нè тера да јадеме навечер

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.