Доказ дека Кајли Џенер не ги уредува фотографиите на Инстаграм: Изгледа исто во живо и на нив! (ФОТО)

Како да е од друга планета...

Најмладата милијардерка на светот и најмладата сестра на кланот Кардашијан-Џенер, 23-годишната Кајли, која на Инстаграм ја следат милиони млади и стари, а исто толку ги купуваат и нејзините производи за разубавување и нега, неколку пати досега беше обвинувана и исмејувана дека во виртуелниот свет изгледа совршено, додека во реалноста е сосема поинаква.

Фотографиите ПРЕД естетските зафати на нејзиното лице и тело и ПОТОА го преплавуваат Интернет, а како што самата истакнува во своите интервјуа, сето тоа ѝ предизвикува анксиозност, па затоа бременостаја износи во тајност и избегнува да се појавува во јавбоста за да не биде фотографирана од страна на папарацо-фотографите, а потоа исмејувана во медиумите.

Сепак, Кајли беше фотографирана како пристигнува на вечера со пријатели во ресторан во Холивуд. Таа ја покажа својата неверојатна фигура во комбинезон Pierre Louis Auvray со футуристички дезен и иста наметка.

Ријалити-ѕвездата со модниот аутфит изгледаше како да не е од оваа планета, а изгледот го надополни со модерна  розова мини-чантичка Hermes и металик-чевли.

На папарацо-фотките таа изгледа исто како и на инстаграм-фотките што ги објави и со тоа докажа дека не ги користи алатките на Фотошоп… барем не секогаш!

Уверете се сами:

Кајли на Инстаграм изгледа вака:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

А Кајли на папарацо-фотографиите е ваква:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.