Аријана Михајловиќ не сака да потоне покрај својот болен сопруг: Фотографијата предизвика спротивставени мислења (фото)

Таа му е најголема поддршка

По објавата дека најголемиот и најуспешен српски голгетер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија, целиот свет остана во шок. Сепак, оваа вест најмногу го погоди неговото семејство, кое долго време ја води најтешката битка со него. Миха, кој неодамна се прости од Болоња, повторно минува низ тешки моменти – болеста му се врати вторпат.

Болоња објави официјално соопштение за разделба со српскиот тренер.

Одлуката, за жал, беше неизбежна, и покрај силната емотивна врска што беше создадена со целата заедница и целиот град во текот на овие возбудливи и драматични три и пол години. За жал, дури и циклусите кои спортски ги задоволија сите, како овој што го имавме, завршуваат. Посебна благодарност им должиме на Синиша и на неговиот тим што ја прифатија работата во сложени и многу деликатни услови од човечка гледна точка. Работеше со посебна посветеност и професионализам – стои во соопштението.

Дури и неодамнешните фотографии кои сопругата на Миха ги сподели на Инстаграм ги потресоа сите, а многумина дури и се расплакаа кога го здогледаа Синиша, блед и слаб. Она што секако дава надеж за подобро утре е невидената енергија на Михајловиќ со која плени како и неговата разоружувачка насмевка. Сето ова немаше да биде случај доколку со него не беше неговото семејство, кое е со него во најтешките моменти.

Ако помисливте дека во домот на Синиша Михајловиќ се тагува поради неговата состојба, се излажавте. Барем судејќи по објавите на неговата сопруга Аријана, која е главниот двигател на се’.

Изгледа Аријана одлично успева да им одговори на неговите желби. Добро се држи, а многумина истакнуваат дека никогаш не била поубава. Дека убавата Италијанка е посилна од сите бури сведочи и новата фотографија на која позира во зелен костум, а сигурни сме дека Миха е пресреќен што ја гледа својата сопруга среќна, без разлика на несреќите што го снајдоа нивното семејство. Љубовта сепак победува се’!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.