Откриена причината за разводот на Гоца Тржан и Иван Мариновиќ: Бившиот сопруг тврди дека ја фатил со друг маж

Оттогаш трае пеколот меѓу нив

Бракот на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ заврши по четири години заеднички живот и оттогаш трае пеколот меѓу нив. Имено, Гоца и Иван со години се тужат и не можат да најдат заеднички јазик во воспитувањето на својата ќерка Лена, а капката што ја прели чашата е неговата ријалити-кариера. Оттогаш, Иван е во лоши односи со својата ќерка.

Меѓу Гоца и Иван сè се случило брзо,, па само една година откако се запознале се венчале, а набрзо се родила и нивната ќерка Лена, која ќе ги поврзува до крајот на животот.

Набргу по свадбата, во април 2007 година, Гоца се породи и ја добивме Лена. Тоа беа години кога многу се сакавме. Признавам, имавме многу подеми и падови во бракот, но и многу убави моменти, кои ќе ги паметам цел живот. Сепак, љубовта почна да бледнее со текот на годините и лошите работи се случуваа една по друга, изјави Иван за медиумите, додавајќи:

Во еден момент почнав да се однесувам како детектив. Ја следев и ја фатив со друг маж на дело! Се обидов да го преболам тоа, но не можев… Затоа и се разведовме. Интересно, таа прва поднесе барање за развод, иако ја фатив како ме изневерува. Признавам дека не ми беше лесно поради нашата разделба. Семејствата се обидоа да не’ смират, но безуспешно.“

Лена ја немам видено четири години. Комуницираме преку пораки, но таа нема желба да ме види и не сакам да ја оптоварувам со тоа. Понекогаш же ми прати порака. Неодамна ми покажа што облекла за првиот ден во средно училиште. Би сакал повторно да се зближиме и почесто да се гледаме – вели Маринковиќ и нагласува дека целата алиментација што ѝ ја должел на поранешната сопруга ѝ ја платил.

Ги подмирив сите долгови и сега плаќам редовно секој месец – заклучи новиот учесник на „Задруга“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.