Гоца Тржан со емотивна објава за нејзината ќерка: Срцето ми се претвора во пудинг кога те гледам…

Гоца горда на нејзината ќерка...

Познатата пејачка Гоца Тржан не крие колку е горда на својата ќерка Лена Маринковиќ, која ја доби во брак со Иван Маринковиќ.

Гоца истакнува дека со својата ќерка е првенствено пријателка, и дека и верува и нема проблем да ги сподели со неа сите нејзини тајни.

Сега таа на Инстаграм сподели фотографија на која позира со „своето бебе“, откривајќи колку е горда на неа.

„Колку те сакам, моја убава ќерко. Понекогаш имам впечаток дека срцето ми се претвора во пудинг кога те гледам како растеш, малку од болката дека стануваш се посамостојна, па имам впечаток дека ти требам се помалку и помалку, но најмногу од гордоста. токму затоа што стануваш се понезависна. Тоа значи дека добро сме ја завршиле нашата родителска задача“ – напиша Гоца под заедничката слика со нејзината ќерка.

Да потсетиме, Гоца неодамна зборуваше за својата ќерка и за тоа дека нејзиниот сопруг Раша е всушност татко на нејзината наследничка.

„Со оглед на тоа што Раша и е татко, тоа не ме плаши бидејќи е голем човек. За 13 години што сме заедно, тоа покажува како мажот треба да се однесува кон жената. Таа ќе биде со некој кретен сто посто, затоа што секој од нас треба да помине низ тоа, но се надевам ќе биде паметна и ќе рече: „Не, не, јас живеев со Раки, знам како треба да се однесува човек и нема да дозволам тоа да го уништиш“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.