Принцезата Шарлин блесна во НАЈМОДЕНИТЕ ПАНТАЛОНИ – експертите велат дека ОВАА ЕСЕН не може без НИВ! Тие се урбани, откачени и лесни за комбинирање

Во понеделникот, принцот Алберт од Монако и неговата сопруга Шарлин поставија камен-темелник за ново засолниште за напуштени животни на Пеј Хил, чиј шеф на оваа организација е самата принцеза.

Убавата Јужноафриканка уште еднаш покажа дека одмерениот и едноставен стил е речиси секогаш – непрогрешлив избор. И овој пат таа избра издание кое е совршено за дадената пригода.

Шарлин се појави во лежерна облека, која истовремено е елегантна и во согласност со нејзината официјална функција. Таа избра класик од женската гардероба – струкирана бела кошула и карго-панталони во црна боја, кои модните експерти ги истакнаа како најпопуларен модел за есента 2022 година, карактеристични по страничните џебови поради кои наликуваат на работнички или војнички панталони.

Принцезата го комплетира изгледот со црни кожени мокасини со панделка, дискретни, светкави обетки и ѓердан со црно-бели бисери, кои помогнаа целата комбинација да изгледа поелегантно.

Што велите вие ​​- дали ви се допаѓа ова издание?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracking Royal (@trackingroyal)

Фото: Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.