Фотографијата на инфлуенсерката открива како изгледа телото на „Инстаграм“, a како во реалниот живот (ФОТО)

Не залажувајте се!

Поради погрешната слика која ја имала за женското тело, ги покривала нозете со пудра кога одела на училиште, а сега го покажа своето тело, со и без шминка

Инстаграм-моделката Карина Ирби сака нејзините обожаватели да престанат да се споредуваат со сликите што ги гледаат во списанијата и на социјалните мрежи, пренесува „Дејли стар“.

Во оваа пригода, таа покажа како навистина изгледа нејзиното тело во бикини и рече дека сликите на познатите личности и модели кои ги гледате обично не се одраз на реалноста.

Карина истакна дека фотошопот, филтрите и лажниот изглед можат да бидат многу штетни за самодовербата. Некогашната дизајнерка на костими за капење, а денес инфлуенсерка од Австралија, вели дека многу добро знае колку може да „излаже“ камерата.

Оваа 32-годишна природна девојка објави две фотографии, една до друга, од кои едната е природна и реална, а другата ретуширана, за да покаже колку е лесно да го измените својот изглед за потребите на социјалните мрежи.

На крајот од објавата таа порача:

Не залажувајте се!

Набрзо пристигнаа коментари за поддршка, а многу девојки рекоа дека со години се прашувале како плус сајз моделите имаат толку убава кожа, без стрии и несовршености, а имаат прекумерна тежина.

Карина со само една објава покажа дека не постои совршено тело со или без вишок килограми и дека не треба да веруваме во се’ што гледаме на социјалните мрежи, особено не на фотографии од женско тело кое нема мана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.