„Колку е пократка сукњата и штиклата повисока, толку понесреќна е жената“: Тврдење на експерт за женска психологија

Знак дека жената е несреќна

Познатиот експерт за женска психологија тврдел дека постои јасен знак дека жената е несреќна

Ерик Марија Ремарк (1898-1970) е германски книжевник кој останал запаметен по своите познати дела „Ништо ново на запад“, „Тројца воени другари“, но и по своите цитати. Имал интересен став за љубовта и светот, но и за жените.

Тој изнел интересна теорија за процесот на стареење и истакнал жената почнува да старее кога на неа ќе се забележат две работи. Имено, тој тврдел дека жената почнува да старее кога ќе почне да ги крие своите недостатоци, како и своите години.

Исто така, тој зборувал и за претераната грижа за физичкиот изглед, а познато е дека многу жени денес многу вложуваат во гардеробата и во физичкиот изглед, додека однатре се празни и несреќни.

„Колку се потпетиците повисоки и здолништето пократко кај една жена, толку полош е нејзиниот личен живот“, рекол Ерик М. Ремарк.

Жените кои исклучиво ставаат акцент на физичкиот изглед, им се помалку привлечни на мажите.

Мажите не сакаат здодевни жени кои немаат изразени ставови, кои не ги покажуваат своите преференции и не кажуваат што сакаат и не сакаат. Тоа не е привлечно за мажите. Брендираната облека, добриот парфем и совршената шминка можат да привлечат внимание, но сето тоа поминува како трансформацијата на Пепелашка по полноќ. Најважно е каква личност сте во тој момент, каква е вашата душа и енергија. Тоа ќе ги привлече мажите – кога ќе ги извадите сите маски и ќе бидете свои, автентични.

92-годишна жена ја открива суштината на животот: „Можат да ви зборуваат што сакаат, среќата се крие во ова!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.