92-годишна жена ја открива суштината на животот: „Можат да ви зборуваат што сакаат, среќата се крие во ова!“

Животна мудрост

„Секое утро кога ќе се разбудам, јас имам два избора“, вака ја започнува приказната оваа мудра жена

До 8 часот наутро, 92-годишната баба по име Татјана веќе е облечена, дискретно нашминкана, уредно исчешлана. Спремна е да се пресели во старечки дом.

Сопругот неодамна ѝ починал, па сега нема друг избор. И покрај тоа што со часови трпеливо чекала, седела сериозно и неподвижно, а се насмевнала само еднаш: кога ѝ соопштиле дека нејзината соба е подготвена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објаснила како ќе изгледа нејзината мала соба. Ќе има завеси што личат на прозорци.

„О, ќе ми се допаднат завесите“, било првото нешто што бабата Татјана го кажала и тоа со ентузијазам на дете кое само што ја добило играчката што долго ја посакувало.

Сестрата се исплашила од прераната реакција и можното разочарување, па внимателно кажала:

„Да почекаме прво да ги видите. Можеби нема да ви се допаднат.“

„Не е важно. Среќата е тоа што однапред ќе го одлучите. Како изгледа мојата нова соба не зависи од распоредот и од изборот на мебел, туку од начинот на којшто мојот мозок функционира. Таа одлука ја донесувам секое утро, штом се разбудам. Имам избор да го поминам целиот ден во кревет, размислувајќи за својата болест и за деловите од телото што повеќе не ми припаѓаат мене, или да почувствувам радост и благодарност секој ден. Секој ден го доживувам како подарок и сè додека сум жива, ќе мислам само на убавите спомени“, рекла бабата и додала:

„Староста е како сметка во банка, ги подигнуваш парите што сам си ги ставил. Ви советувам на вашата сметка за спомени да ставите што повеќе среќни мигови“, раскажала во еден здив и повторно замолкнала.

Подоцна ги открила своите 5 сосема едноставни правила за среќа:

  • Исчистете го срцето од злоба
  • Исчистете го мозокот од грижи
  • Живејте наједноставно што можете
  • Давајте што повеќе можете
  • Не очекувајте премногу
Среќа или успех: Што е прво?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.