Кејт Мидлтон и кралицата Ранија во слично издание: Којa подобро го носеше розовиот костум? (ФОТО)

Моден предизвик

Костумите никогаш не излегуваат од мода, а често ги носат и дамите од кралските семејства.

Кралицата Ранија од Јордан изгледаше фантастично стилизирана за време на прошетката низ улиците на Њујорк во светлорозов костум. Имено, убавата кралица се одлучи за бебешко-розов костум за гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“.

Иако костумот се смета за деловен изглед, овој модел на Александар Меквин, всушност, придонесе кралицата да изгледа опуштено.

Сакото со асиметричен крој беше одлично надополнето со тесните, пократки панталони во иста боја, а целата комбинација на повисоко ниво ја подигнаа и светлорозовите елегантни чевли со висока потпетица од модната куќа „Диор“.

Колку костумите им се омилени на кралските дами покажува и изданието на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон од 16 јуни 2022 година, кога носеше сличен розов костум, исто така од модната куќа „Александар Меквин“.

Иако костумите не се со ист крој и нијанса, не можевме да не ја забележиме сличноста во овие два стајлинзи, кои се креација на истата модна куќа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.