Славната актерка била силувана како девојче: Ја предала мајка ѝ, а зела и пари заради тоа

Хорор!

Популарната актерка Деми Мур имала многу тежок живот за кој малкумина знаат.

Токму затоа нејзината биографија крена голем прав во јавноста и во медиумите. Деталите што најмногу шокираа и ги потресоа сите се двата страшни чина што Деми ги преживеала заради својата мајка.

Имено, кога била дете, нејзината мајка се предозирала и актерката била принудена да ѝ го вади апчињата од грлото со сопствените прсти. Но тоа не е најстрашното што го доживеала од мајка си.

Фото: Getty Images

Кога имала само 15 години, нејзината мајка дозволила Деми да биде силувана од маж. По грозоморниот чин, тој ѝ дал на нејзината мајка околу 400 долари.

Какво е чувството да те продадат? – ја прашал тој човек.

Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство – напиша актерката во својата биографија.

Набргу потоа, Деми Мур го напуштила семејниот дом. На 17-годишна возраст го запознала музичарот Фреди Мур со кого напишала три песни и се омажила во 1980 година. Биле во брак пет години. Само две години подоцна, актерката се омажи со актерот Брус Вилис, со кого помина 13 години заедно и со кого има три деца – Румер, Скаут и Талула.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.