Алек и Хилари Болдвин по губењето на бебето повторно чекаат принова
Среќна вест!
Хилари и Алек Болдвин имаат четири деца и сакаат нивното семејство да биде уште поголемо.
Хилари во април годинава го загуби бебето, а своето страшно искуство, за кое жените главно не сакаат да зборуваат, го сподели со светот на социјалните мрежи.
Меѓутоа, храбрата Хилари не се откажа од желбата да стане мајка петти пат.
Таа на 18 септември со сите следбеници сподели прекрасна вест – повторно е бремена!
Иако е се’ уште рано, во мене расте мало човечко суштество. Ништо не ме направи посреќна од звукот на овие силни срцеви отчукувања, посебно по загубата на бебето оваа пролет“, меѓу другото порача сопругата на популарниот актер, објаснувајќи дека и овој пат не сака да ја крие бременоста што и да се случува во иднина.
View this post on Instagram
When you’ve had so many babies, 6 minutes pregnant = looking like 6 months pregnant 🤦🏻♀️🤰🏻🍉
Кога имате толку бебиња, тогаш во шестата минута од бременоста изгледате како да сте во шестиот месец.“