Кој игра тој добива

Инстант лотаријата на Државна лотарија во период од неполни 10 години понуди 41 серија лозови со вкупен фонд за добивки од близу една милијарда денари

Денес на покана на Државна лотарија, г-ѓа Гурга Георгиева ги посети просториите на Државна лотарија.

Г-ѓа Гурга Георгиева, во семејството на среќни добитници на инстант лотаријата, се придружи од 2014та. Со неа и нејзиниот сопруг имавме задоволство да се запознаеме во декември 2014та кога освои една од 10те премии Голф 7 на инстант лозот Седма Брзина.

Г-ѓа Гурга долги години живеела во Швајцарија, каде инстант лотаријата ја играла од забава. Гребењето инстант лозови и станало дел од секојдневието, па по пензионирањето и враќањето во својата земја, го зголемила обемот на купување инстант лозови, како што вели, заради многу поприфатливите цени на лозовите кај нас.

Во овие пет години имавме бројни средби со неа, лично ги посетува речиси сите промоции на Државна лотарија во Струмица и цела источна Македонија и не пропушта да дојде и на поголемите промоции во Скопје. Инстант лозови, покрај во Ново Село и Струмица, купува и во  Штип, Велес,  Скопје и во Прилеп каде оди во посета на кумовите. Во нејзината ташна секогаш има лозови и кога во болница го чекала породувањето на својата снаа и кога чека по ародроми и кога оди на гости. Нејзината пасија кон инстант лотаријата оди до таму што порачува по сопругот, пријатели и такси возачи од Ново село да и купуваат лозови од различни градови низ нашата земја.

Никогаш не купува помалку од по 200 лозови дневно и никогаш добивките од по 5.000 денари и помалите не ги зема во пари туку во лозови.  Воедно не пропушта свадба, или друг позначаен настан без да подари инстант лозови, кои ги пакува во убави букети. Самата вели дека не знае колку точно средства инвестира во купување инстант лозови, но според нејзините кажувања, со инвестициите и добивките е горе долу на исто. Гурга вели дека инстант лотаријата и е главна забава и нема ден без купување лозови а во гребењето и помагаат и домашните и пријателите и соседите.

Ако редовно игра од 2014 година до денес или 5 години по 365 дена  и купува минимум по 200 лозови дневно, а како што вели таа, купува некогаш и повеќе не пропуштајќи да купува во недела, може да претпоставиме дека вложува сериозно голема сума парични средства во инстант лотаријата. Во согласност со политиката за одговорно играње, ова не е наша препорака, но станува збор за нејзин избор.

На рекциите во веб порталите  и на социјалните медиуми, за бројот на добивки кој го освојува, таа порачува, да инвестираат сите како неа, добивки има за сите.

Од кога г-ѓа Гурга се вклучила во нашата инстант лотарија од 2014та до сега Државна лотарија имаат  близу 30 видови пласирани лозови со вкупен број од 177 премии, од кои 67 возила и 110 парични премии(+ 365 електрични тротинети и 40 смартфони), покрај другите бројни парични добивки.

Од вкупниот број на премии во тек на пет години, г-ѓа Гурга освоила вкупно две возила, четири парични премии иеден смартфон. Воедно има освоено и други парични добивки од втора, трета и пониски категории.

Поголеми освоени добивки по хронолошки редослед од 2014та до септември 2019та:

  • На лозот Подарок – прва добивка, во 2014та, освои една од 30те премии од 60.000 денари;
  • На лозот 7ма брзина, освои еден од 10те возила Голф 7;
  • На лозот Среќни коцки освои една од 5те премии од по 1.000.000 денари;
  • На лозот Детелинка, освои една од 20те добивки од по 100.000 денари,
  • На лозот Дијамант (серија 1 и 2), освои една од 38те добивки од 150.000 денари, една од 45те добивки од 50.000 денари, една од 55те добивки од 10.000 денари
  • На лозот  Златна рипка (серија 1,2, 3, 4 и 5), свои една од 75те добивки од по 50.000.
  • На инстант лозот Паркирај Хибрид, освои еден од 10те возилата Тојота Аурис Хибрид;
  • На лозот Среќен роденден освои еден од 40тесмартфони;
  • На лозот Златна треска освои една од 5те премии од 585.000 денари;
  • На лозот СЕФ (серија 1, 2 и3) освои една од 9те премии од 600.000 денари;

Како што рече самата, најдрага добивка до сега и е возилото Тојота Аурис Хибрид, а приматот на омилен лоз од сега ќе го има инстант лозот Аладинова ламба.

На г-ѓа Гурга сме и благодарни што се согласуваше за фотографирање и објава при  подигање на добивките, за разлика од бројни добитници кои не се согласуваат ниту иницијалите да им ги објавиме. Се надеваме дека реакциите на дел од јавноста, нема да ја обесхрабрат да се повлече и да бара анонимност.

Државна лотарија работи согласно Законот за заштита на личните податоци и објавувањето на добитниците е исклучиво по добиена писмена согласност од добитникот. Благодарни сме на сите членови на семејството на среќни добитници на нашите игри на среќа, кои се согласуваат на објава, но за жал, се уште голем дел од добитниците, посебно на парични добивки, го задржуваат правото на анонимност, што не е во прилог на транспарентноста. Необјавувањето  покрева коментари и се создава неоправдана недоверба. За жал овој пат дел од јавноста неоправдано упатуваше критики на сметка на транспарентноста.

Како Државна лотарија која е одговорен приредувач на игри на среќа, од исклучителна важност ни е транспарентноста. Игрите на среќа ги приредуваме за да овозможиме забава и добивки за сите кои ќе се вклучат во игра. Интензитетот на играње го одредуваат самите играчи, согласно нивните желби и можности.  Инстант лотаријата за г-ѓа Гурга е пред се начин на забава кој согласно нејзините зборови, секојдневно го практикува, сака и може да си го дозволи, а како што изјави, за неа гребењето има терапевтско дејство.

Г-ѓа Гурга Георгиева е доказ дека кој игра, тој добива.

Подолу даваме осврт за темата инстант лотарија на Државна лотарија.

Инстант лотаријата е вид на фондовска игра на среќа која нуди можности за освојување добивки, не награди, бидејќи не се работи за наградна игра, туку за игра на среќа во која се обезбедува учество во играта за забава и добивки. До сега пласираните лозови се во вредност од 30 до 80 денари, од кои во фондот за добивки се оддвојуваат околу 64% , додека 4% од вредноста на лозот се наменети за инвестирање во републичкиот буџет за општествено корисни цели.

Државна лотарија  од почетокот на приредување на игри на среќа, од 23ти април 2010та година, пласираше вкупно 41 серија лозови од кои 37 серии инстант лозови, каде добивката се дознава со гребење и 4 серии експрес лозови, каде добивката се дознава со кинење.

Вкупниот фонд за добивки во до сега пласираните инстант лозови изнесува 997.151.080 или близу милијарда денари пласирани добивки во неполни десет години, вклучително и актуелните кои се во моментов на пазарот. Фондот на добивки за секоја посебна серија се распределува по категории добивки од најмалата, која најчесто е во иста вредност со лозот, до премијата, која може да биде парична или стокова добивка. Видовите премии се избираат врз основа на анализи и истражувања на очекувањата на играчите и моменталните трендови. Видовите на до сега пласирани парични премии по лозови се од 30.000 до 1.000.000 денари. Кај лозовите со премии стокови добивки имаме голема разновидност, која се заснова на актуелноста на стоковата добивка. До сега низ понуда на премии пласирани се вкупно 605 стокови добивки од кои 35 скутери, 40 смартфони, 365 електрични тротинети и 165 возила од различни брендови и типови: Ланчиа Делта, Сеат Леон, Голф 6, Поло, Голф 7, Пасат, Рено Твинго, Цитроен Ц1, Тојота Аурис Хибрид, Киа Спортаж, Џип и најновите пласирани се Мини Морис и Бе Ем Ве Х1.

Ги замолуваме сите наши играчи меѓу кои и играчите на инстант лотарија, да се согласуваат на фотографирање и објава, по примерот на г-ѓа Гурга Георгиева, заради транспареноста и негувањето на довербата.

Кој игра тој добива

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време