Љубовта на холивудскиот заводник не знае за граници: По 13 години брак, тој се’ уште и’ пишува љубовни писма на сопругата!

Ја сака како првиот ден!

Нивната приказна ни ја враќа вербата во вистинска љубов што му пркоси на времето

Актерот Метју Меконахи ја запросил својата сопруга Камила Алвес со овие зборови:

„Не сакам бракот да биде крајна дестинација, туку сакам најинтересните авантури да се случат токму на тоа патување.“

Кога ја запознал својата сегашна сопруга, не можел да им се спротивстави на чувствата и се вљубил на прв поглед. Поминале 13 години, но неговите чувства останале исти. Филмската ѕвезда се’ уште ја обожава својата сопруга и верува дека средбата со неа била судбински настан и за него еден од најубавите во животот.

https://www.instagram.com/p/B0E9DwSBljU/

„Ништо се нема сменето од првиот ден до денес. Едноставно ја обожавам!“, рекол во една прилика.

„Секогаш сум бил и сум останал многу посветен на мојата сопруга. Таа е се’ за мене! Го сакам тоа што и денес ме фасцинира и не сакам со ништо да ја уништам оваа магија“, открил тој.

Пред да ја запознае Камила, која е бразилски супер модел, не верувал во љубов. Со години бил осамен, без вистинска поддршка покрај себе.

Парот се запознал во еден бар во 2006 година.

„Ја здогледав жената на мојот живот кога една вечер бев излезен во клуб со пријател. Помина покрај мене во тиркизен фустан и се сеќавам дека веднаш си помислив: што е тоа? Таа е се’ во една личност, вистински пријател, совршен изглед, убаво лице и поддршка. Си помислив: ‘таа е жена за цел живот, стани од столчето и пријди и’.“

https://www.instagram.com/p/Bzx8z1GhlcM/

Иако бил упорен, на првиот состанок отишле долго време по тоа запознавање. Почнале врска која течела совршено. Нивната љубов била без немири и караници, но не се зборувало за брак.

„Мислам дека на бракот ќе му дојде време во еден момент, само што сега не размислуваме за тоа“, говорела Камила пред повеќе од една деценија.

На тема брак, Метју го коментира следново:

„Никогаш не сум бил опседнат со брак. За мене, најважно е хармонијата и мирот да владеат дома, сите да се здрави, децата да растат и да уживаат. Не сум знаел и не сум разбирал колку е важно да се формализира бракот и колку е забавна самата венчавка, додека самиот не го искусив целиот процес.“

https://www.instagram.com/p/Bzn8bG-hAOM/

Во 2012 година, по 6 години врска, се впуштиле во авантурата наречена брак. Славниот актер и добитник на Оскар и неговата занесна убавица конечно се венчале. Денес имаат три деца, а парот навистина е среќен, семејството секогаш е нивниот приоритет.

„Викендите се резервирани за семејна забава. Секогаш се трудиме да минуваме што повеќе време со децата, бидејќи семејството е најважната институција на светот.  Сето останато може да чека.“

Сопружниците обожаваат да си приредуваат изненадувања еден на друг и да поминуваат време заедно. Камила открила дека сакаат заедно да готват и да разговараат за секоја тема на светот. Понекогаш побегнуваат во хотел кој е на 10 минути од нивната куќа.

https://www.instagram.com/p/Byf2qHlBsfU/

„Самиот факт што понекогаш ќе се разбудите без детско викање, во потполна тишина, е непроценлив. Тоа е многу важно за мозокот на мајката, не можам да ви опишам колку.“

И по толку години брак, се обидуваат да си ги исполнат сите желби еден на друг.

„Ситните изненадувања и малите знаци на внимание помагаат да го задржите пламенот во љубовта“, заклучува Метју.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.