Актерката останала бремена во петтата деценија: По бројните негативни тестови за малку ќе се откажела!

Сега блеска од среќа!

Парот ќе добие син, а актерката открила дека и покрај сите обиди да остане бремена, бременоста сепак на крајот ја изненадила

Американската актерка Мина Сувари (41) позната по улогата во филмот „Американска убавина“ го чека првото дете со сопругот Мајкл Хоуп, а среќните сопружници напролет ќе станат родители на син.

„За мене тоа сѐ уште е процес на верување и прифаќање дека нешто толку убаво може да ми се случи. Тоа е многу емотивно искуство. Ми беше многу чудно кога дознав дека сум бремена“, открила актерката за „Пипл“.

Парот се венчал во 2018 година и се надевал на проширување на семејството, но сепак, веста за бременоста била големо изненадување, со оглед на тоа што многу долго работеле на тоа, како и поради фактот што влегла во петтата деценија.

„Морав да стекнам навики на исхрана и спиење, да се опуштам, да побарам помош, а сето тоа е многу тешко за една независна жена“, рекла таа.

https://www.instagram.com/p/CGdLs3LFL0x/

Тоа било долг процес

Сопружниците оваа година одлучиле да имаат дете, но следел период на разочарувања.

„Секој месец мерев температура и мокрев на тест за одредување овулација. Очекуваш да се случи тоа, но ништо. Бев преплавена со емоции, но и под голем стрес“, ја опишала Мина својата борба.

Покрај тоа, била под постојан притисок дека мора што побрзо да забремени поради своите години.

„Имам 41 година и атмосферата беше нешто како: од едната страна сум во гроб, па нека ми е со среќа“, ги опишала емоциите кои ја преплавиле, па објаснила дека поради стресот и бројните негативни тестови за бременост, си кажала себеси дека не може повеќе така.

„Си кажав себеси дека сум уморна од стресот и се обидов да сфатам дека ако е судено, ќе се случи“, раскажала Сувари.

Се фокусирала на работата, отпатувала, а набрзо почувствувала промени во телото.

„Најпрво мислев дека ме мачи џет-лег, проблем со спиењето, бидејќи бев многу чувствителна. До крајот на јули имав уште некои симптоми и одлучив да направам тест. И тоа беше тоа. Големо изненадување. Вистинско чудо!“, се присетува актерката.

Како што вели, таа и сопругот отсекогаш сакале дете, но неколку месец пред да забремени престанале да пресметуваат и едноставно се опуштиле.

„Велат дека обично тогаш и се случува“, кажала таа.

Мина сето тоа му ги припишува на фактот што му верувала на своето тело, без разлика на туѓите мислења за нејзините години.

„Дури и во моите доцни триесетти години луѓето се сомневаа во мене. Тоа ви всадува голем страв. Вложив многу труд да се извлечам од тоа и навистина да почнам да му верувам на своето тело и во неговата состојба“, рекла актерката и додала дека еден доктор ја прашал дали забременила на старомодниот начин.

„Реков: ’па да, зошто да не?’. Не мора секогаш да биде другиот начин. Да, прекрасно е што ја имаме таа можност, но навистина сакам жените да се чувствуваат моќно. Ако го познавате своето тело и се чувствувате здраво, мислам дека тоа е само прашање на време“, вели Сувари и заклучува:

„Тоа и ми се случи!“

Луна Ѓогани прозборе за бременоста: „Подолг временски период сум била трудна, а не знаев!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.