Преспанскиот Јаболкобер 2021 оваа година доби нова димензија со дечињата од СВЕТОТ НА КОЛОРЕС

Преспанскиот Јаболкобер 2021 оваа година доби нова димензија. Оваа година го посетија најмалите, дечињата од приватната градинка СВЕТОТ НА КОЛОРЕС. Дечињата заедно со своите воспитувачки истражуваа за јаболката и околината опкружена со природни убавини. Откако ја вкусија убавата пита со јаболка и природното сокче, возејќи се на трактор се упатија да наберат од јаболчињата. Дечињата и воспитувачките се заблагодарија на прекрасните домаќини Spirit of Prespa и убавите јаболчиња.

Ова патување им годеше на сите, дечињата искусија прекрасно и незаборавно доживување кое е реткост во денешно време. Браво за градинката која плени со својата креативност и често ги изненадува своите дечиња со активности кои се вистинско доживување и важни за нивниот правилен раст и развој.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.