Новата страна на Скопје – комплекс We and Nature, Скопје

Децата да се дружат со деца, а возрасните со возрасни, е мотото во We and nature

Трендот на евакуација од централното градско подрачје во потрага по здрава средина за живеење не е присутен само во Скопје. Напротив повеќе од 10 години младите парови низ цела Европа, особено оние со мали деца, кои се во потрага по поквалитетен живот и се загрижени за безбедноста на своите најмили, масовно мигрираат кон периферните делови на меторполите. Од неодамна и кај нас никнаа неколку резиденцијални комплекси надвор од градот, но комплексот We and Nature (www.weandnature.com) се издвојува од сите останати по неколку специфичности.

           

На само 15 минути возење од строгиот центар на Скопје (од Аеродором до Центар е 15 мин),  во непосредна близина на спортскиот аеродором Стенковец лоциран е комплексот We and Nature (www.weandnature.com) со 12 индивидуални куќи и огромен број на спортско-рекреативни содржини кои се на располагање на резидентите. Токму овие содржини кои се внимателно распоредени на површина од 4.300 m2 го прават комплексот привлечно место за живеење за млади парови и нивните деца.

Куќите во We and Nature се идентични однадвор, секоја од нив зафаќа простор од 160m2 на два ката, идеален за четворочлено или петочлено семејство. Дополнително, секоја куќа има и гаража од 50m2 и две тераси (14m2 и 40m2). Внатрешниот распоред на собите се прави на база на потребите и желбите на секое семејство, поткрепено со стручна помош. Со други зборови, секој  самиот е најдобар архитект на својот дом, од причина што најдобро си ги познава потребите на семејството.

Заедничкиот простор од 120m2 е занимална за сите генерации. Во заедничкиот простор  инсталирана е  опрема и  реквизити како, летна кујна, професионална фурна за пици, сач, садопер, проектор, фрижидер, кафемат, маси, столици , фотељи и сл. Со други зборови сѐ што им е потребно на станарите на  We and Nature за да се социјализираат и релаксираат во слободно време додека нивните деца безгрижно ги користат реквизитите за игра или пак спортските терени.

Концептот е граден на база на генерациско здружување, интеракција преку спорт, игра и забава, учење едни од други и  обединување на потребите. Децата да се дружат со деца, а возрасните со возрасни, е мотото во We and nature. Многумина кои се веќе родители се свесни за фактот дека од моментот кога се враќате дома децата секој пат ќе преферираат да се дружат со нивните врсници од  комплексот отколку да  “гњават” родители по дома. Оваа можност во густо населени места кои знаеме дека се небезбедни од повеќе  аспекти, не е возможно! Многу е значајно на децата  да им се  даде можност да ги заситат своите секојдневни потреби за социјализација, спорт и дружење, а во исто време и на родителите да им се даде шанса да воздивнат, одморат, завршат домашни обврски или се социјализираат со соседите.

Безбедноста во Комплексот We and Nature е добиена со фортификација на целиот комплекс со 2m камена ограда и комплетно насочување на сообраќајот кон периферијата на комплексот преку пристапни улици до секоја куќа. Внатрешниот дел е направен за безбедно и слободно движење на луѓето.

Kомплексот We and Nature се наоѓа на 8 км од центарот на градот, на пoдножјето на Скопска Црна Гора, каде воздухот е 100% чист во текот на целата година, има феноменална патна инфраструктура, канализација, градски водовод, сопствени бунари со геотермална вода (10 литри во секунда) и ред други погодности кои допринесуваат за здрав и висококвалитетен живот.

Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар  на веб-страницата на комплексот http://weandnature.com/contact/  и со закажување на средба и разгледување на комплексот We and nature.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.