БЕЗГРИЖНО ДЕТСТВО: Комплекс од 12 куќи – „We and Nature”, Скопје

We and Nature (www.weandnature.com) e еден уникатен пример на заедничко домување со 12 идентични куќи и огромен број на спортско-рекреативни и социјални содржини

Новите трендови на живеење во светот ги извади младите и младите родители надвор од загадените  и пренаселени градски средини. Свесни за потребата од чист (нормален) воздух, здрава околина, простор за деца каде може безгрижно да се движат и играат, бегството од урбаното јадро на Скопје кое стана неподносливо за живеење е речиси целосно неизбежно доколку сакаме нормално детство и нормален живот за возрасните кои имаат професионални обврски.

Овој тренд надоаѓа и кај нас, и тоа на голема врата! Добар индикатор е сѐ поголемиот број на продадени имоти (ниви, плацеви и куќи) во околина на Скопје, особено енормниот наплив према Скопска Црна Гора каде воздухот, водата, чистата околина и добрата патна инфраструктура ги привлекуваат младите. Една интересна приказна наменета за млади парови и млади родители се роди токму во подножјето на Скопска Црна Гора на 400м надморска висина и на само 8км од центарот на градот.

We and Nature (www.weandnature.com) e еден уникатен пример на заедничко домување со 12 идентични куќи и огромен број на спортско-рекреативни и социјални содржини кои го прават овој резиденцијален комплекс многу поразличен од сите останати. We and Nature e прилагоден на потребите на родители со деца, поточно целата инфраструктура е креирана да нема сообраќај во внатрешниот дел, за децата, без разлика на возраста, слободно да можат да се движат низ целата дворна површина од 13.000м2. Со купување на една куќа се стекнува и ко-сопственост на земјиштето од 13.000м2 и спортско-рекреативната инфрастуктура во комплексот We and Nature.  Комплексот е во завршна фаза на изградба и сите заинтересирани можат да закажат средба на лице место да го погледнатво живо со исполнување на контакт формулатор на http://weandnature.com/contact/

Куќите се идентични. Имаат внатрешна корисна површина од 160м2, на два ката. До секоја куќа слепена е гаража од 50м2 која нуди можност за комотно сместување на 2 габаритни возила едновремено, а терасата од 40м2 дава можност за приватност доколку сакате да уживате сами или со најблиските. Куќите се нудат во облик на целосно затворена карабина, со изработена фасада, прозори и врати и поставени доводи за вода, канализација, приклучок за струја и приклучок за геотермална вода. Инсталирани се 3 бунари со моќност од 10 литри во секунда. Во внатрешниот дел секој сам ја добива улогата на архитект и дизајнер и го дава завршниот изглед на просторот, како и распоредот на внатрешните простории.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.