Брз и лесен начин до приватно здравствено осигурување за целото семејство

Приватното семејно здравствено осигурување, отсега достапно и преку интернет-продавницата на Еуролинк

Грижата за здравјето и можноста за квалитетно лекување во модерните и современи здравствени установи се на прво место на приоритетите во животот. Кога здравјето е во прашање, секој од нас се обидува да добие најдобар третман и соодветна грижа, а тоа подразбира и носење вистински и навремени одлуки. Брзото темпо на живот и многубројните секојдневни обврски честопати нè спречуваат ваквите одлуки да ги реализираме со време, заради што Еуролинк осигурување, за првпат во Македонија, нуди лесна и брза процедура за купување онлајн-полиса за приватно семејно здравствено осигурување за целото семејство, во секое време, преку својата интернет-продавница.

Процената на Вашата здравствена состојба ја вршите самите, во реално време, без потреба од прегледи и чекање, а Ви се овозможува и самите да донесете одлука за тоа какви здравствени бенефиции ќе си обезбедите согласно здравствената проценка, што претставува нов пристап во начинот на обезбедување здравствено осигурување кај нас. За ова да биде возможно за граѓаните, Еуролинк практикува комбинација од нова технологија и експертиза од стручни лица, кои го поддржуваат процесот во секој чекор. Пополнувањето на прашалникот за здравствено осигурување се врши електронски, безбедно и доверливо, а осигурување или одговор добивате веднаш.

Со оваа полиса, Еуролинк покрива трошоци за сместување во приватни болници по принципот на директна исплата на болничките трошоци кон болниците, без да го оптовари семејниот буџет на своите осигуреници. Голема придобивка е можноста осигурениците да се лекуваат кај лекар и во здравствена установа по сопствен избор, што овозможува навремена и квалитетна здравствена заштита во моменти на итност. Вклучени се и сите општи и специјалистички прегледи без ограничување, како и превентивни прегледи по избор и потреба на осигуреникот.

„Имам 30 години, активен спортист сум. Се соочив со проблеми со уринарниот тракт, заради што докторот ме упати на детални специјалистички прегледи кои покажаа неправилна функција и зголемување на простатата. Направив операција во приватна здравствена установа по сопствен избор, а трошоците за прегледите и оперативното лекување беа покриени директно од Еуролинк. Доколку немав приватно здравствено осигурување, немаше навреме да ги направам сите неопходни тестови, а ситуацијата ќе се влошеше“ – објаснува осигуреник на Еуролинк за своето искуство.

Приватното семејно здравствено осигурување, отсега достапно и преку интернет-продавницата на Еуролинк, вклучува три вида на осигурување – Старт, Комфор и Премиум. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн-полиса за приватно семејното здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет.

Посетете ја интернет-продавницата, искористете го промотивниот попуст и самите уверете се колку е лесен и брз процесот на обезбедување квалитетно здравствено осигурување за Вашето семејство: http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.