Семејна бизнис-приказна: Тимскиот дух и упорноста се гаранција за успех на македонскиот производ

М- р Емилија Ивановска, Личност која плени со својата убавина, успешна жена и мајка која зад себе има кариера која е за почит,. Со неа разговаравме за професионалните почетоци, кариерата денес, но и приватниот живот во кој таа е сопруга и мајка на три деца.

СЕЈМЕНА БИЗНИС ПРИКАЗНА ВО КОЈА ТИМСКИОТ ДУХ И УПОРНОСТА СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРОИЗВОД.

Успешната сејмена –бизнис приказна на компанијата Центро-Фрута  од Виница ,сплотува две генерации од семејствотото Ѓорѓиеви, родителите  Звонко и Николина кои сериозно и посветеноја изградиле и развиле основата на фирмата  и нивните деца Емилија и Кристијан  кои го модернизираат корпоративниот имиџ со внесување на визионерски пристап  кон продолжување на приказната наречена Центро Фрута……По тој повод разговараме со директорот за маркетинг  и продажба , Г-га Емилија Ивановска, која од своите родители го наследила  чуството за бизнис, но го надоградува со школување и постојано учење.

Центро-Фрута  веке третта деценија гради свој препознатлив идентитет на пазарот преку својот бренд на пакувана минерална вода ЕВИНА.Започнавме во 1991 год со производство на сокови во стаклена амбалажа под австрискиот бренд  GROBI, Потоа многу брзо и визионерски продолживме  со истражување на извори и експлоатација на минерална вода, следејки  ги потребите на светскиот пазар за пакувана вода , кога кај нас доминанто беше консумирањето на водоводната вода за пиење.

Денес во портфолијото на нашата  компанија влегваат 90 видови на разновидни сокови, џусеви, ледени чаеви  и сл во најразновидно пакување , а како доминантен примат е брендот ЕВИНА  ( газирана, негазирана , функционална, спорт и сл во различни пакувања кои секојдневно  потрошувачот може да ги најде во маркетите ширум  нашата земјата. Можеме да се пофалиме со најсовремено и софистицирано произвоство преку инсталирање на 5 производни линии со поединечен капацитет од 25000 пар/час, за кое неуморно и посветено 24/7 е мојот брат Кристијан  Ѓорѓиев како оперативен и комерцијален директор во фирмата .Секако без разлика на нашите позиции сите одлуки ги носиме заедно, иаку секој од нас предводи конкретен процес, сите сме инволвирани  во скоро сите сегменти во нашата компанија.

КОЈ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ И БЕНЕФИТИТЕ А КОИ НЕГАТИВНИТЕ СТРАНИ КОГА СЕ ИСПРЕПЛЕТЕНИ ПРИВАТНИТЕ И ДЕЛОВНИТЕ ОДНОСИ??

Можам слободно да кажам дека токму бизнисот ја зацврстува нашата братско/сестринска врска.Нашите заеднички ручеци, вечери, веселби и сејмени прослави се постојано исполнети со разговори поврзани за бизнисот.Кога сме сите заедно ги дискутираме бизнис проблемите/можностите/предизвиците/ со кои секојдневно се соочуваме, но и заеднички се радуваме и гордееме на секој мал и голем успех.На крај на ден  тимскиот дух и упорноста е тоа жто не одржува да опстоиме во оваа економија повеке од 30 години и да бидеме подобри од конкуренцијата.

ШТО БИ ИЗДВОИЛЕ КАКО КЛУЧНИ МОМЕНТИ ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА ?

Без лажна скромност , такви моменти има доста .Ние сме динамична компанија која е во постојан трг со времето, со постојано инсталирање на нови линии за производсво на пакувана вода од 0,33л, 0,5, 1л,1,5л, 5л , 10л 19л а во моментот се инсталира и комплетно нова линија за производство на вода во стаклена амбалажа (газирана и негазирана), изградба на Дистрибутивни и логистички центри во Скопје и Виница , проширување на нашиот асортиман  со нови производи , како и пласирање на нашите производи надвор од нашата земја (нашите производи можат да се сретнат во Србија, Албанија,Косово, Малта, Бугарија и др ) како и постојан стремеж за освојување на нови пазари.

ЦЕНТРО-ФРУТА Е ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МИНЕРАЛНАТА ВОДА ЕВИНА , НО ОД НЕОДАМНА ИМЕТО НА ЦЕНТРО ФРУТА СТОИ НА ЕТИКЕТАТА НА НАЈПОЗНАТИТЕ СВЕТСКИ БРЕНДОВИ НА ПИВА (STAROPRAMEN, BECKS, STELLA ARTOIS, JELEN PIVO I KAMENICA), ШТО ЗНАЧИ ОВА??

Токму така кон крајот на 2019 нашата компанија потпиша  договор со мултинационалната компанија MOLSON   COORS BEVERAGE Company  oд Лондон , најначувајки не нас  како официјален дистрибутетер за територија на Северна Македонија на светски познатите брендови на  пива STAROPRAMEN, BECKS, STELLA ARTOIS, JELEN PIVO I KAMENICA, .

ИМАТЕ МОКНИ ОРУЖЈА ВО РАЦЕ , ОД ЕДНА СТРАНА ВОДА КАКО ЕСЕНЦИЈАЛЕН ПРОИЗВОД  ЗА ЖИВОТ А ОД ДРУГА СТРАНА ПИВО??

Свесни сме за сериозноста на бизнисот и актуелноста на производот , земајки ги во предвид  изменетите  потрошувачките навики кај Македонскиот потрошувач и следејки ги препораките за водење поголема грижа  за зрав живот и консумирање на поголемо дневно количество на здрава вода  , имаме производ кои само може да бележи поголем раст на потрошувачка, затоа сме неуморно насочени да докажеме дека ЕВИНА Е ЖИВОТ , ЕВИНА е ЗДРАВЈЕ, и го има надобриот избалансиран состав  на потребни минерали за наШиот организам а од економски аспект има најдобар однос во поглед на квалитет и цена, што докаЖува дека секој од нас треба да ја  има ЕВИНА  покрај себе И  во секое време.

А од друга страна како што кажавте пиво , и тоа   5 брендови STAROPRAMEN, BECKS, STELLA ARTOIS, JELEN PIVO I KAMENICA, секое засебе со својата генерациска приказна за квалитет , доста ја оптовари мојата девизија продажба и маркетинг, борејки се неуморно да се достават до сите поголеми маркети навремено и квалитетно, , како и постојано организирање на проморивни акции , за да го запознаеме македонскиот потрочувач дека овие брендови се повторно присутни на македонскиот  пазар.

Покрај сериозната посветеност на работниот ангазман , која е Емилија приватно ??

Во работа внесувам многу страст, енергија , емоции и посветеност  24/7. Работам  така што креирам атмосфера, во која има доверба и почитување на вработените и соработниците, а од друга страна   авторитет во делигирање на одговорностите.

Сета оваа го компензирам ,односно ги полнам батериите од  моето семејство , моите три деца Миа ,Нина  и Илин  и мојот сопруг Илија.  Бескрајно сум им благодарна што ја разбираат мојата динамика на живот, мојата претерана амбциозност да се направи нешто плус во животот.

Ако би требало да го дефинирате вашиот карактер со само 3 зборови, тие би биле…

-Храбра, амбициозна и одлучна.

Вашата работа вклучува и многу патувања, но исто така и патувате доста приватно. Која е најдобрата дестинација која сте ја посетиле?

Најголема страс и опсесија ми е патувањето и посета на различни земји и осознавање на нивната култура.Сум патувала насекаде низ светот, но сепак ќе кажам дека не е важно каде сте, туку со кого сте. Кога сум на места со моите најблиски, со луѓето што ги сакам, секаде ми е убаво. Но, кога веќе би морала да изберам, тоа би било Тајланд.

Исто така водена од од мојата морална и религиска доктрина,и големата вербата во Бога би го издвоила и  патувањето во Изрел, посетата на Божјиот гроб како и крштевањето во Реката Јордан.

Емилија, на што во животот сте најгорди, кое е Вашето мастер дело?

Најгорда сум на тоа што имам прекрасно семејство, прекрасен сопруг и се разбира гордоста наша, Миа, Нина и Илин. , Горда сум на моите родители за тоа што сум јас  денес, и Горда сум на нашето мастер дело – брендот ЕВИНА , кој тивко и ненаметно си го најде своето место на македонскиот пазар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.