Ergobaby Metro plus – компактна количка со повисоко ниво на удобност

Нова радост за родителите и децата е европскиот ланец за детска опрема Babycenter кој доби своја локација во Скопје. Светски познати брендови за играчки, колички, детска облека, носилки се собрани на едно место-во новиот Babycenter Македонија.

Новите производи на Ergobaby  се дел од Babycenter Македонија.

Лесните компактни колички Ergobaby Metro 2020 добија своја нова верзија со повисоко ниво на удобност- Metro plus.

Metro+ се идеални колички за употреба од самото раѓање!

Новиот модел Metro+ содржи  делови со кои за само неколку секунди, можете да ја претворите количката во бебешко гнездо. Метро количките се одлични  за бебиња почнувајќи од која било возраст.

Едноставно собирање со една рака!

Количката Metro+  е сон на секој родител, затоа што овозможуваат мултитаскинг. Брзото и лесно преклопување со само една рака ви овозможува да ја ставите количката во багажникот, да се качувате по скали, да го држите детето за рака додека пешачите, или  додека го носите вашето бебе во раце.

Положба за лежење!

Metro+ има можност да се спушти во целосно лежечка позиција, како и прилагодлив потпирач за нозе и мрежа што овозможува проток на воздух, што ќе му овозможи на вашето дете да спие мирно дури и кога сте во движење.

Компатибилност со транспортери!

Metro+ доаѓа со уште една нова опција, а тоа е компатибилност на транспортери. Со соодветните адаптери, можете да поставите 0+ модели на траснпортер од брендовите BeSafe, Maxi Cosi, Cybex и Nuna на вашиот Metro+.

Удобност за родителите!

Покрај прилагодливата висина, рачката на Metro+ е изработена од мека и мазна перфорирана еко кожа. Возењата ќе бидат пријатни и ќе ја турнете количката без страв од лизгање.

Количката може да ја погледнете и пробате во продажниот салон на Babycenter Македонијa. @babycenter_makedonija.

Дознајте повеќе тука.

 

@aleksandra_ilievska

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.