Јогурт торта од само пет состојки која го освои интернетот – Брза за правење, а превкусна!

Може да ја послужите и како појадок ако сакате слатко

Ако сте љубител на сладок појадок, оваа јогурт торта можете да ја послужите и наутро.

Потребни состојки:
– 4 јајца

– 350 гр. јогурт
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици скроб
– шеќер во прав

Начин на подготовка:

Раздвојте ги жолчките од белките, а потоа матете ги белките додека не добиете цврст снег. И жолчките добро разматете ги со шеќер, па додајте го скробот и јогуртот. Добро измешајте. На крај додајте ги белките и полека мешајте додека не добиете хомогена смеса. Обложете го плехот со хартија за печење и на неа ставете обрач од калап. Рабовите на обрачот обложете ги со хартија за печење. Ставете ја смесата во него и печете на 180 Целзиусови степени 30-40 минути. Тргнете ја хартијата за печење и посипете ја тортата со шеќер во прав.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.