Титов колач: Вака се сладеле во Југославија!

Вкусно!

Оние што го познавале, тврдат дека Тито го обожавал колачи од чоколадо и кафе

Бисквит

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г мелени ореви или лешници
  • 5 супени лажици сварено црно кафе – оладено
  • 5 полни лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици масло
Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките. Во жолчките додајте шеќер па изматете. Во жолчките додајте и масло. Додајте го свареното оладено кафе. Измешајте брашно, прашок за печиво и ореви, па сето тоа изматете го заедно со јајцата. На крај, во смесата додајте ги и белките. Изматениот бисквит печете го на 180 степени околу 30 минути.

Прв фил

Состојки:
  • 400 мл млеко
  • 5 полни лажици брашно
  • 2 жолчки
Приготвување:

Во млекото додајте жолчки и брашно, па изматете со миксер. Потоа ставете го тоа на рингла за да проврие малку и да се направи пудинг.

Втор фил

Состојки:
  • 200 г маргарин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г стопено чоколадо
  • 3 лажици ореви
Приготвување:

Стопете го чоколадото, па додајте маргарин. Потоа додајте шеќер, ванилин шеќер и ореви, па сето тоа изматете го заедно.

Завршна постапка

Измешајте ги двата фила. На кората нанесете го овој богат фил, па наросете ја со мелени ореви и чоколадо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.