Неколку класични трикови кои секогаш ќе ја направат вашата модна комбинација да изгледа совршено

Совети од експерти

Самодовербата е најсексипилната работа што може да ја има една жена. Стилистите откриваат како успешно да „изгубите“ тежина со облеката. Високите потпетици експресно ќе направат да изгубите два и пол килограми, а панталоните што достигнуваат веднаш под глуждот дури четири и пол.

Модни додатоци

Торба со средна големина, ѓердан со поголем приврзок и гломазен часовник добро ја „балансираат“ целосната фигура. При изборот на модни додатоци за дами со облини, големината е од суштинско значење. Поточно, треба да се избегнуваат премногу мали чанти или премногу тенки ремени затоа што дополнително привлекува внимание на фигурата.

Издолжување на деколтето

Бијонсе е една од сензуалните убавици која е горда на своите облини, но и таа понекогаш сака да ја „издолжи“ својата фигура со црвена боја. Таа постигнува одличен ефект со длабоко деколте.

Бидете внимателни со принтовите

Треба да бидете внимателни со шарени принтови, како што предупредуваат стилистите. Но, тоа не значи дека треба да се избегнуваат целосно. Најбезбедна комбинација е шарена блуза и темно здолниште или обратно.

Само вертикални линии

Линиите може да биде најдобриот и најлошиот непријател на жената, во зависност од видот на градбата. Ако сте слаби и сакате да додадете килограми, завиткајте се во хоризонтални линии. Инаку, држете се само до вертикалните.

Прочитајте и: 3 модни формули кои би ги позајмиле од Кејт Мидлтон

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.