Посакај магија со Minie’s by sisters

Безвременски креации инспирирани од магичното ѕвездено небо силно одблеснуваат во новата колекција Посакај магија на веќе познатиот македонски детски бренд Minie’s by sisters.

Леснотијата на движење споена со гламур и елеганција е одличен избор за празничната сезона.
Целта на дизајнерките Татјана и Тамарa е да се разлее магија во секоја создадена креација за да секоја ѕвезда исполни една  детска имагинација.

Низ колекцијата Посакај магија ќе се сретнете со наједноставни кроеви на кои магијата е фрлена низ деталите. Доминацијата на гламурозност ја создаваат светкавите материјали кои се претвораат во блескави ѕвездички.

Палетата на бои е вистинско уживање,внимателно избрани нијанси кои ја  отсликуваат ѕвездената глетка.

Најважен дел на една успешна колекција е да се задржи вниманието на изборот на материјалите и внесените емоциите со кои истите ќе ги претворите во парче кое ќе предизвика детска  насмевка и безценето задоволство-изјавуваат тие.

Уникатните креации и вложената посветеност на секој деталљ е она по што брендот се издвојува.
Неизмерна е среќата да се сподели талентот кој ни дозволува да создадеме дизајни по кои ќе направиме една  уште поуспешна приказна на Minie’s by sisters.

Ново дизајнираната колекција е веќе достапна во продажниот салон во Свети Николе или на линкот од веб страната. www.bysisters.com.mk

FB Minie’s kids

INSTA minies_kids

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.