Ова е силна боја која ќе ве издвои од толпата и која е најмодерна оваа сезона

Ја симна розовата од тронот, правејќи нѐ да изгледаме елегантно и моќно.

Розовата ја одбележа 2022 година и дел од тековната година, но во наредните месеци ќе биде заменета со црвената! Оваа класична, интензивна, заводлива боја ќе биде исклучително модерна во есенските и летните колекции.

Во текот на изминатите Модни недели ширум светот, црвената боја беше апсолутен хит на ревиите на луксузните брендови, па јасно е дека ќе биде застапена и на улиците на сите светски метрополи.

Црвената боја на облеката е исто како црвениот кармин на лицето – веднаш нѐ издвојува од толпата и нѐ прави да изгледаме елегантно и да оставиме силен, зрел впечаток.

Ќе ја носиме во сите нијанси – од светлоцрвена, преку бордо, до корална нијанса, а еднакво впечатливо изгледа на панталоните, здолништата, сакоата, кошулите… Сепак, ни се чини дека црвениот фустан нема конкуренција – тој ни е дефинитивно омилен!

Фото: Профимедија, Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.