Џиџи Хадид ја симна помалата сестра од тронот: Прогласена е за најубава поради овој дел на лицето!

Според 32 хирурзи, 16 набљудувачи и теоријата на златниот пресек...

Овој дел од лицето на светската убавица е речиси совршен, победи 52 познати имиња.

Теоријата на златниот пресек беше искористена за да се утврди која позната личност има најубава вилица или „брада“ на светската сцена. Победи манекенката чија сестра во претходните години беше прогласена за најубава на планетата според овој метод.

Станува збор за Џиџи Хадид.

Сè е објаснето во студијата на група професори од Универзитетот во Брисел. Истражувањето неодамна беше објавено во Journal of Cranio-Maxillo-Facial Surgery.

Старите Грци сè уште ја користеле теоријата за златниот пресек, а сега научниците го додале аголот на вилицата како критериум во анализата на убавината на една личност.

Покрај двајца професори запознаени со оваа теорија, во истражувањето учествувале 32 хирурзи и 16 набљудувачи, кои избрале која од 53 понудени јавни личности има најубава вилица. Во изборот биле Кејт Мос, Мајли Сајрус, Стела Максвел, Џесика Стам и други.

Џиџи Хадид има агол на вилицата од 141,9 степени што е речиси совршено (142 степени). Сите се согласија дека таа заслужува да победи бидејќи оценуваниот дел од лицето не ѝ е ниту премногу рамен, ниту премногу истакнат.

Победата на Џиџи Хадид е доказ дека е подобро жените да имаат помека транзиција кон брадата. Кај мажите е обратно, погледнете го само Бред Пит!

Високи оценки во овој избор добија и Амбер Херд, Брижит Бардо и Ирина Шајк.

Пандемијата го интензивираше онлајн-состанувањето, правејќи ги луѓето посвесни за својот изглед. Затоа, интересно не им е само на научниците, туку и на другите да научат повеќе за аглите на вилицата и контурите на лицето, велат истражувачите.

Некои веруваат дека истражувањето би можело да го започне трендот на вградување забни импланти доколку не се постигне „идеалот“, пишува Дејли мејл.

Теоријата на златниот пресек е пропорција – геометриски однос на две должини. Се нарекува златна бидејќи прикажува совршени пропорции. Се состои од следниов принцип: кога секоја должина ја делиме на два дела, според принципот на златниот пресек, односот на целата должина кон поголемиот дел е еднаков на односот на поголемиот дел кон помалиот дел.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.