Соработката на годината е тука – Ана Стојанова и „Сара фешн“!

Ви ја претставуваме најновата колекција на костими за капење на „Сара фешн“ во соработка со Ана Стојанова! Костими инспирирани од силни жени што зрачат со самодоверба и за кои не постојат граници!

Glow collection Ana Stojanova x Sara Fashion е составена од 5 модели на костими за капење и едно здолниште за на плажа, сите во различна нијанса и дизајн, а заедничкото е тоа што се изработени од светкави и металик материјали што нема да остават никого рамнодушен.

Сите овие пет модели на бикини се со различен дизајн и форма, со цел секоја жена да може да си пронајде модел во кој ќе се чувствува самоуверено и секси. Дополнително моделите се изработени во кроеви што ги истакнуваат женските атрибути и облини, како и целокупната женска фигура.

Од „Сара фешн“ ни кажуваат дека оваа соработка настанала многу спонтано бидејќи тие како бренд секогаш тргнуваат од потребите на своите потрошувачи и создаваат производи што прават жените да се чувствуваат удобно во својата кожа.

Ана Стојанова, пак, со години ги мотивира жените да ја постигнат најдобрата верзија од себе со иста цел, тие да се чувствуваат удобно во својата кожа и да зрачат полни со самодоверба. Двете страни, познавајќи ги жените и нивните потреби, се сплотија и ја дизајнираа оваа колекција инспирирана и наменета за жени со самодоверба!

За потребите на кампањата, „Сара фешн“ сними соодветен видеозапис и изведе посебна ултрамодерна фотосесија. Модели за овие активности се самата Ана Стојанова и девојките од нејзината армија. Заводливите девојки гордо ги носат стилските модели и ги покажуваат своите облини, секоја различна и посебна на свој начин.

За оваа колекција Ана Стојанова ни раскажа:

Мојата мисија е да им помогнам на жените да се чувствуваат секси и самоуверено во својата кожа. Да се биде здрав и згоден не значи дека сите треба да изгледаме исто или пак да носиме ист конфекциски број, напротив… Сите ние сме различни и посебни на свој начин, а затоа и дизајниравме пет различни модели, за секоја девојка и жена да го одбере идеалниот за своето тело. Невозможно е да се скријат сексапилот и женственоста на една жена кога ќе ги проба овие модели. Едноставно сакаш да ги имаш!

Не пропуштајте ја шансата да се прошетате во овие стилски костими за капење на плажа, покрај базен или пак да ги вклопите во вашиот дневен или вечерен изглед.

Разгледајте ја колекцијата што ќе го одбележи ова лето и искусете ја комбинацијата на мода и функционалност. Костимите за капење се достапни на sarafashion.club, како и во поголемите продавници на „Сара фешн“.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.