3 модни формули кои би ги позајмиле од Кејт Мидлтон

Симпатиите на модната публика Кејт ја освои со своите женствени и елегантни изданија во кои неретко стилизира артикли со high street етикета, облека од помалку познати британски брендови како и дизајнерски парчиња.

Со тоа не само што влијае на видливоста и популарноста на одделни модни куќи, туку низ своите аутфити често го промовира и рециклирањето на некои креации, со што дополнително ја потикнува фантазијата во комбинирањето.

Стајлинзите кои не можат да поминат незабележливо се токму оние кои таа ги бира и носи за своите секојдневни обврски, а токму тие ни се инспирација за креирање на три летни модни формули кои ќе бидат освежувачки, елеганти и прикладни за сите задачи и авантури кои ви носи денот.

ФУСТАН СО РЕТРО КРОЈ + ЕСПАДРИЛИ

Модели на закопчување обогатени со околувратник и со суптилен цветен принт е класик кој со еспадрили (рамни или на пета) креираат летен опуштен и кул изглед. Со салонки на шпиц, ќе добиете свечен изглед за забава во градот.

 

БЕЛА КОШУЛА + БЕЛИ ПАНТАЛОНИ+ОМИЛЕНИТЕ БЕЛИ ПАТИКИ

Панталоните во нуд тоновите ќе ги носите во разни пригоди, а со кошула во ефективен дизајн или детаљ ќе имате совршена база за дневен аутфит.

ПРУГИ + КЛАСИЧНИ ПАНТАЛОНИ + ДЕТАЉ ВО ЦРВЕНА БОЈА

Маичка на пруги е основа за добар стил, а модерна нота комбинацијата добива со панталони со висок струк кои ги украсуваат интересни копчиња кои даваат дополнителна фина нота. Чантата во црвена боја е одличен контраст на сините тонови.

 

.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.