Доминација на црвениот килим: Популарните сестри ги украдоа сите погледи (ФОТО)
Модната недела во Њујорк почна вчера со гламурозна забава која сите ја очекуваа со нетрпение – популарната гала-забава на хуманитарната фондација „amfAR“. На галата присуствуваа голем број познати личности, но сите погледи ги украдоа сестрите Кардашијан – Кортни и Ким – кои се појавија во црни креации на модната куќа „Версаче“.
Постара сестра се одлучи за модел со висок шлиц, додека, пак, една година помладата Ким го истакна букното деколте.