Чизми за секој ден во кои ќе се заљубите: Мелани Трамп повторно во рамни обувки – и тоа во најубавиот модел досега

Доналд Трамп и неговата сопруга се вратија од кратката посета на Индија, а првата дама уште еднаш покажа зошто сите ја вбројувааат во една од модните кралици на денешницата.  Со години првата дама на САД БЕШЕ ПОЗНАТА ПО ТОА ШТО ПОСТОЈАНО НОСИ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ – па дури и при посетата на поплавените подрачња во Тексас, што пред неколку години ги налути Американците.

Поради тоа е вистинско изненадување што Мелани Трамп (49) минатите неколку денови ја видовме во рамни обувки: најпрво носеше бели чевли, па розе балетанки, а сега ултратренди чизми.

При враќањето од Индија, Мелани носеше долг  бел капут со потписот на модната кука Сент Лорен, благодарејќи на него изгледаше доста шик, особено поради контрастот со црната ролка и панталоните кои ги носеше. Детаљ кој го привлече најголемото внимание беа чизмите – Диор комбат чизми, кои никогаш не излегуваат од мода, а оваа сезона ги видовме и на Кендал Џенер, Бела и Џиџи Хадид

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.