Жена без ронка оригиналност: Меган Маркл во уште една копија!

Добила остри критики!

Нејзиниот моден избор прво ја воодушевил јавноста, но брзо се дознало дека повторно станува збор за копија, и тоа дупла!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, минатата вечер заедно со сопругот принцот Хари уживала во настапот на познатиот канадски циркус „Cirque du Soleil“ во Ројал Алберт Хол.

За оваа прилика облекла гламурозен долг фустан со светки, пто го искомбинирала со едноставни црни сандали и црна клач чанта.

Нејзиниот моден избор прво ја воодушевил јавноста, но брзо се дознало дека повторно станува збор за копија, и тоа дупла!

https://www.instagram.com/p/BstSXsbFrKS/?utm_source=ig_embed

Имено, неверојатно сличен фустан своевремено носела и принцезата Дијана, која дефинитивно е еден од непресушните извори на модна инспирација, не само за Меган и нејзините стилисти, туку и за остатокот од светот. Тоа беше видливо и кога Меган ја повтори необичната комбинација на бои што ѝ била омилена на принцезата Дијана.

Од друга страна, идентична тоалета носела и принцезата Викторија од Шведска во 2011 година, која тогаш исто така била бремена за првпат.

https://www.instagram.com/p/BstNvxzFWgn/?utm_source=ig_embed

Луѓето кои не ја поднесуваат војвотката од Сасекс, едвај дочекаа уште еднаш да ја наречат фолирантка, извештачена жена без ронка оригиналност, која на сите начини се обидува да ги придобие кралицата Елизабета и британската јавност.

Дали ви се допаѓа како ѝ стои овој фустан? Ви пречи ли кога некој копира нечиј стајлинг? Споделете го вашето мислење во коментари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.