Полнето совршенство од рерна: Селски компир со сланина и кајмак

Рај за непцето!

Вака приготвениот компир може да го јадете секој ден и нема да ви здодее

Потребни состојки:
  • компири по желба
  • свинска маст или путер за да го премачкате дното на плехот со дебел слој
  • неколку парчиња сланина
  • малку лимонов сок
  • малку кајмак (ако немате, може и крем-сирење)
  • 1-2 чешниња лук
  • сечкан свеж магдонос
  • сол

Приготвување:
  • Ставете го компирот да се вари и оставете го да врие помалку од 10 минути. Ако е млад, доволно ќе му бидат и 5 минути.
  • Обилно премачкајте го плехот со маст или путер.
  • Не се препорачува да додавате масло, иако маслиновото масло може да го земете предвид.
  • Посолете ги компирите, поголемите исечете ги на два дела, наредете ги во плехот и покријте го секој со парче сланина.
  • Ставете ги во рерна загреана на 250 степени. Колку време ќе ви треба, зависи од големината на компирите, но ќе знаете дека се готови по кафеавата коричка.
  • Некаде при крајот на печењето, извадете ги од рерна и наросете ги со ситно сечкан лук.
  • Кога и лукот ќе пушти малку мирис, извадете го плехот, исцедете малку лимонов сок и наросете со магдонос.
  • Покријте ги компирите со кајмак кога ќе ги послужите.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.