Пилешки лазањи со лук: Моќно јадење за зимските денови! (ВИДЕО)

Калорично!

Ако ви е доста од здрави јадења и сакате да се најадете како човек, овој рецепт е за вас!

Потребни состојки:
  • 100 грама путер
  • 2 лажици масло
  • 400 грама пилешко бело месо
  • прстофат сол и бибер
  • 40 чешниња лук
  • 300 милилитри бело вино
  • 1 лажица брашно
  • 300 милилитри пилешки бујон
  • 100 милилитри павлака за готвење
  • рендана кора од лимон
  • гранче рузмарин
  • 200 грама шампињони
  • 1 литар млеко
  • малку брашно
  • кори за лазањи
  • 200 грама кашкавал
Приготвување:

Во подлабоко тенџере загрејте масло и 50 грама путер, па додајте 400 грама пилешко бело месо како цели парчиња и оставете го да се динста околу 10 минути. Додајте сол и бибер, па кога пилешкото ќе биде речиси готово, извадете го месото од маснотиите. Во истите маснотии каде што се динсташе месото, додајте уште 50 грама путер и 40 чешниња лук и оставете ги да потемнат.

Кога лукот ќе пушти арома, додајте бело вино и малку брашно, па оставете го да крчка. Кога смесата ќе стане густа, додајте пилешки бујон, рендана кора од лимон, гранче рузмарин, малку павлака за готвење и оставете го сето тоа да зоврие. Во оваа смеса вратете го пилешкото месо, па посолете уште малку и додајте бибер.

Сето тоа ставете го во рерна да се испече на 250 степени околу 15 минути.

За тоа време, во тавчето динстајте ги шампињоните, а одвоено направете бешамел од 1 литар млеко, путер и брашно.

Редете ги лазањите, така што во огноотпорен сад прво ќе ставите бешамел, па кори за лазањи, смесата со пилешкото и лукот, па повторно кори за лазањи, печурки и бешамел. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата. Завршете со кори врз кои ќе наросите бешамел и рендан кашкавал.

Печете ги лазањите 30 минути на 200 степени Целзиусови. Послужете ги топли. Добар апетит!

Погледнете го видеото за подетални упатства.

https://www.facebook.com/tastemade/videos/2219489684934225/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.